Малку провокативен наслов за зголемен интерес. Изминативе неколку дена неколку циркуларни писма , кои требаше да известат за одреден настан ме предизвикаа да размислувам на оваа тема. Под нив потпишано лице за односи со јавност т.н. PR. А притоа во текстот и начинот на кој е остварена комуникацијата апсолутно по ништо не можев да заклучам дека станува збор за личност која се грижи за јавниот имиџ и презентација на одредена фирма. Текст со многу печатни грешки, многу граматички неправилности, многу недоискажаности и терминолошки катастрофи. Почнав да размислувам во која наша фирма или кој наш (македонски) бренд има саглам одделение или личност за односи со јавност. Успеав да се сетам на многу малку. Можеби јас не ги познавам, можеби некој друг знае повеќе, но сепак инцидентите како овој треба да нè натераат да размислуваме кој може, а кој не може да биде PR менаџер, какво предзнаење и какво искуство треба да има тој или таа. Дали тие кои ја вршат оваа функција воопшто се запознаени со комуникациските системи, комуникациските форми, предностите и недостатоците на одредени медиуми и дали се свесни дека тие всушност ја презентираат сериозноста и професионалноста на некоја фирма или бренд?
Прашањата ги оставам отворени
Дали може да ми го испратиш писмото (многу ме интересира содржината, не толку и авторот) да го прочитам.
Се надевам дека ке научам како не треба да изгледа едно такво соопштение до јавноста 🙂
deandino@gmail.com
Жалам но тоа не би можел да го сторам. Можам само да додадам дека меил адресата од која е испратено е регистрирана на лично име на еден од познатите светски меил сервиси: Yahoo