Ексклузивно! Оваа недела преглед во сабота, веднаш по петок 🙂 Денес читаме што има ново кај некои од социјалните мрежи и апликации. Нема да пуштаме линкови за најжешката тема – Facebook – Cambridge Analytica затоа што спремаме #комкаст на таа тема. Заинтересирани? Да почнеме.
- Instagram шопинг лудило. Во не толку далечната 2016-та Инстаграм воведе ‘shopping’ опција што им овозможи на брендовите и бизнисите во САД да тагираат до максимум 5 производи во органски објави на кои фановите можат да кликнат за да дознаат повеќе и да си купат она што ги бендисува. Гледајќи го потенцијалот во оваа опција, Инстаграм реши да ја направи достапна на бизниси во уште 8 други земји во светот (меѓу кои не и нашата). Наше предвидување е дека и ние ќе имаме можност да ја користиме, а кога точно не би знаеле да ви кажеме. 🙂
- Snap the Explorer. Вчера Снепчет најави воведување на нова опција наречена ‘Map Explore’ што ќе испраќа нотификации и апдејти на своите корисници за тоа што се случува на нивната Снеп мапа. Опцијата ќе прикажува и апдејти во однос на актуелни новости и евенти од целиот свет. Уште еден плус за маркетерите и полесно таргетирање преку Снепчет. Map Explore ќе биде достапна за сите корисници во текот на следните неколку недели.
- YouTube и огнено оружје. Јутуб прави промени во политиката на содржина што вклучува оружје. Веќе од наредниот месец ќе биде забрането било какво појавување на оружје во содржината што се прикачува на оваа платформа. Ова вклучува и видеа што линкаат до сајтови што рекламираат и продаваат оружје. Јутуб има строги политика кон ваквата содржина веќе некое време, а оваа промена е поттикната од масовната престрелка во Флорида во февруари годинава.
- A virtual bank teller by Google. Гугл вчера најави нова опција на Google Assistant. Отсега корисниците ќе имаат можност да си играат со своите пари користејќи ги гласните жици и апликацијата Google Pay. Опцијата ќе биде достапна и за андроид и за ајфон, се додека Google Assistant е инсталиран на вашиот уред. Во иднина Гугл изјави дека опцијата ќе биде достапна и за смарт звучниците.
- Work hard, pay hard – Medium style. Пред една година Медиум воведе нов бизнис модел во кој читателите ќе платат месечен надомест, а за возврат ќе добијат пристап до ексклузивен контент. На парнерите кои пишуваат статии Медиум им понуди дел од профитот чија висина се пресметува врз база на метрики како време поминато во читање на статијата и “claps” – верзија на лајк. Сега избраните партнери ќе добиваат директни кеш бонуси кои почнуваат од $100, а ќе растат во иднина. Кои ќе бидат среќните добитници на бонус? Медиум ќе ги чита сите објавени статии и ќе ги селектира тие што смета дека се со висок квалитет во соодветната тема од значење.
- SXSW®. Помина уште еден South by Southwest Conference & Festivals во Америка, некако неприметно, барем за нас. Не дека не се случувале таму важни работи, ама ете изгледа имаше други побитни.. Како и да е, овде може да ги видите најважните работи кои посетителите од (нам омилената) WeAreSocial агенција ги регистрираат како трендови кои треба да се следат – What stood out at SXSW
Убав викенд 🙂