Изолација и самоизолација. Ограничено движење. Полициски час. Работа од дома. Сето ова е новата реалност која ја живееме веќе втора недела. Нас ни е втора недела, во делови на светот фазава трае подолго, во делови допрва почнува. Како и да е, нема брзо да се промени.
Наплив на бесплатни ресурси достапни за учење, вечерни школи, вебинари, онлајн конференции… Ова е поубавиот дел од новава ситуација… Инспирирани од се што се случува и се што правиме овој период со Дарјан (сега дел од тимот на Brainster) договоривме да направиме една zoom сесија за студентите на нивната дигитална маркетинг академија.
Вчера вечер, нешто повеќе од еден саат, ние двајца со помош на 60-тина онлајн слушатели и коментатори во живо дискутиравме за промените кои ни ги носи ситуацијатa под влијание на коронавирусот. Доста се изнакажавме и теорија и примери, локални и глобални.
Дискусијата го опфати првиот бран на реакции и како се смени однесувањето на потрошувачите и компаниите. Потоа малку дискутиравме за т.н. меѓу бран во кој компаниите се фокусираа на својата солидарност и општествена одговорност. Во следниот дел дискутираме за вториот бран односно планирање. Како се врши прилагодување на стратегиите, понудата и пораките. На крај дискутираме и за промените кои ќе останат по оваа криза.
Еве го целото видео, под него и аудио…