127 #ПрегледВоПеток – Pinduoduo, BookTok, Section 203…

Hello, good morning, ако ти треба нешто за расонување и транзиција во работниот ден, #ПрегледВоПеток е тука 🙂

Умовите на Facebook, Twitter и Google на ново сослушување околу Секцијата 203

Еволуцијата на модерниот интернет сѐ уште стои заглавена околу фамозната Секција 203, односно дел од законот што се однесува на слободата на говор онлајн. Последниве неколку години целото внимание на јавноста па и на правните органи е свртено кон тоа колку големите интернет компании имаат влијание врз однесувањето на своите корисници, врз содржината на која се тие изложени и колку всушност тие самите прават за контрола на сето ова. Реформата што беше започната од Трамп, продолжува да биде тема на сослушувањето на претставниците од Facebook, Twitter и Google.

Главната грижа се секако лажните вести како и штетните информации што секојдневно кружат на интернет. Но, колку цензурата на слободно изразување онлајн ќе доприносе до новиот и сега нормален начин на комуникација? Марк Цукерберг веќе изјави дека ваквото ограничување на говорот е скоро невозможно кога во прашање се повеќе билиони постови на ден што јавно се споделуваат на Facebook. Наместо ова, предлогот е фокусот да се стави на правните легислативи, односно секој оној што би бил одговорен за ширење на лажни вести или штетна содржина онлајн да одговара за тоа пред законот.

Stay tunned…

Дали местото бр.1 на Alibaba започнува да се загрозува?

2020 за Alibaba Group Holding Ltd. заврши со 779 милиони корисници што направиле нарачка во последните 12 месеци. И ова нема да нè чуди затоа што со години Alibaba го држи местото бр.1 помеѓу е-трговците во Кина.

Но, пред нешто повеќе од 5 години се роди Pinduoduo Inc. кој со ниски цени, забавен начин на шопинг и паметни маркетинг стратегии, успеа да оствари дури 788.4 милиони активни корисници во 2020 година. Ова ги прави и официјално најголемата е-платформа во Кина.

Сепак, во поглед на приход, не можат ни да се мерат со Alibaba. Минатата година досегашниот првак оствари 72 билиони наспроти новото дете со и не толку потценувачки 9.1 билиони долари.

Па, што е она што ја направи оваа компанија шампион во најголемата економија во светот?

Иновативноста!

Pinduoduo Inc. всушност работи на следниот принцип: Наоѓаш производ што ти се допаѓа и ги споделуваш неговите информации преку месенџер платформи како што се WeChat или QQ со твоите пријатели. Колку повеќе заинтересирани пријатели собереш, толку поголем попуст добиваш. Генијално!

Асортиманот на производи е различен, од намирници за во кујна до електроника. Производите ги добиваш испорачани директно од произведувачот што штеди за логистика а им дава предност и на помалите компании што со своите привлечни основни цени на овој начин се изложени до поголема публика. Попустите одат до дури 90% па така едни од најпродаваните производи во група им се 4.8 милиони продадени чадори по цена од 1.51 долари и 6.4 милиони пакети хартиени шамивчиња по цена од 1.90 долари.

Делот што е фасцинантен е што компанијата ја користи моќта на своите корисници. Тие самите ја шират и зголемуваат релевантната публика што доаѓа на платформата. Ако си ставен во група од пријатели со кои заедно би намалиле цената на одреден производ, тоа значи дека сигурно и ти си заинтересиран за производот, се вклопуваш во финансиската рамка на профилираниот купувач и сигурно ќе завршиш со купување.

По ова, заслужуваат да се први, нели? 🙂

Солзите на TikTok продаваат книги!

For all the milenials out there, you can start rolling your eyes!

Колку и да ни е тешко да признаеме, нешто добро може да излезе и од ТикТок 🙂

Станува збор за две сестри тинејџерки од Англија кои одлучиле да направат свој канал на TikTok наречен BookTok каде споделуваат свое мислење за книги, читаат делови од некои и ги анимираат своите фанови со театрални интерпретации.

Солзи, врескање и глума додека читаат редови од најразлични книги, е она што носи купувачи низ книжарниците во земјата. И тоа, од тинејџери…

Најгледаното видео моментално брои повеќе од 5 милиони прегледи а содржината на овој канал ја прават и фанови што радо споделуваат свои читања од книги.

Zynga има нов директор за аквизиција на корисници

Постарите колеги ми рекоа во овој преглед мора да го има Eniac! И точка! Eniac т.е. Небо, по најново, е драг пријател на комуникации.нет и легенда на една голема регионална екипа на луѓе кои на некои начин беа основоположници на маркетингот на социјалните медими во регионов. Е сега веста…

Небојша Радович својата кариера ја има посветено на брзорастечката гејминг индустрија а моментално е назначен како директор за аквизиција на корисници во Zynga. До неодамна работеше како Growth Lead директор во N3TWORK – старт ап кој по 4 години работење се разви во компанија вредна повеќе од 100 милиони долари. Работењето во огромна компанија што брои повеќе од 3500 вработени на три континента во светот, го објаснува како предизвикувачко. Местото за напредок и учење во компанија што во своето портфолио има повеќе производи е исто толку едукативно колку што е и предизвик.

Гејминг индустријата во светот а конкретно во САД процвета последнава година а ова се должи и на промената во тоа како корисниците ја примаат и доживуваат играта. Поранешното неколку часовно играње игра што беше достапна само во десктоп верзија е променето во апликација која е адаптибилна за повеќе платформи. Она што е интересно е феноменот, како игрите ги менуваат производите што не се тесно поврзани со гејмификација. Многу игри го променија начинот на кој порано учевме нов јазик, користевме одреден производ или пак ја користиме истата инфраструктура од игрите за нови и поинакви начини, вели Радович во своето интервју за Netocracija.rs

Бонус линкови

Тоа е тоа,

Се читаме следниот петок 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.