Првиот пост на комуникации (Сефте) беше објавен на 17 март 2005, со 5 коментари и многу блогерски дебитантски ентузијазам. Денес со Дарко ги разглобувавме деталите околу зачетоците, кои нужно водат кон ликот на нашата драга професорка Дона Колар-Панов. Консензуално, како посветеноста кон евроатлантските интеграции, се согласивме нејзината улога во почетокот на овој блог да ја подведеме под најпрецизниот можен термин а тоа е „бабица“. Без неа секако целиот проект на овој блог ќе беше неможен.
Првичната идеја беше блогот да им даде простор (кибер) и глас (онлајн) на студентите пост-дипломци по комуникации (генерација 2003-2005), за да нешто подоцна тој се развие во кајак-двоец, во кој секогаш се наоѓаше место за гости, пријатели и колеги.
Една од првите теми кои ја чепнавме секако беа односите со јавност, кои и тогаш, а и сега, остануваат актуелна и интересна тема (PR – луѓе за однос). За разлика од една од посочените веб-страници од блокот постови на оваа тема, блогот Комуникации продолжи да се развива, и да ја проширува листата на теми (информатичко општество, иднината на новинарстовото, и.т.н.) кон кои се осврнуваше на секојдневен, но сепак научно сензибилен јазик.
Првиот пост на мојата минорност беше, замислете, на тема реални-шоуа (Реално шоу, реални последици), кои во тоа време и не беа толку актуелни на наш домашен терен. Беше тоа допрва терен на кој требаше да настапат и да заиграат првите ѕвезди од @Tоа сум јас“ реалното шоу и следствената канонада од вакви програми. Набргу по тоа Дарко го детектираше, за тоа време футуристичкиот, процес на постапниот пад на печатените весници.
Од оваа перспектива, да не испадне дека сме биле многу авангардни, може да се каже дека многу од оние, т.н. денешни топ-теми, се гледа дека не се појавуваат случајно, и имаат навистина своја богата пред-историја која не учи дека тие не се ниту малку едноставни во својата суштина.
Коментиравме актуелни медиумски настани, ги следевме состојбите на планот на комуникациите и медиумите, и се обидувавме да им понудиме на оние кои некако ќе достасаат на нашиот блог, посебно читателско искуство, кое ќе ги мотивира да дебатираат, постават мислење, споделат искуство.
Уште таа 2005 постоеше одреден синхроницитет (на тема, „одредени теми“) помеѓу нас помладите комуниколози и искусните новинари (Чуму повторно со „наша тема“) која 5 години подоцна не доведе на гостински терен кај тв-новинарите (видео Facebook, Facebook 2). Останува да наканиме некој од почитуваните новнари да напишат пост за Комуникации, тоа ни останува како цел за наредниов период 🙂
Некаде во тој период за прв пат бевме спомнати во еден од нашите дневни весници (Време), а набргу се обидовме да ги збогатиме содржините со неколку аналитички трудови на наши колеги, со цел да ја збогатиме и поразноличиме дебатата на комуниколошките теми.
И повторно, во таа 2005 се концентриравме на теми кои сеприлично актуелни денес, а тогаш некако беа на маргините на јавната комуникација (Анкети) и допрваа добиваа на значење, барем во оаа денешна смисла.
За темите на родовите односи и медиумите, секогаш се наоѓало место на овој блог (Машки интернет – женски интернет), така секако и ќе остане.
Така некако се зародија и разработија работите околу овој блог, понатаму следуваа следните помаркантни теми, дискусии, дебати и „расправии“:
–Google Vs Microsoft
–Blogging-револуцијата во медиумите
–CitJ, Онлајн новинарство…
–Македонски RSS
-SMS измама (и тоа 2005, ехееј! 🙂
-Студена кибер-војна
-Реклами
–Мултимедија во медиумите
Педантно ја из-регистриравме Обама револуцијата во поитичката комуникација (Кампањата за 2008 започна на „You Tube“), ја истакнувавме довербата во медиумите како клучна категорија (Што е тоа доверба во медиум?), како и присуството на медиумите на интернет (Присуство на магазините на интернет ).
Не ги заборававме мејн-стрим темите (Македонците на телевизија најмногу гледаат вести), иако политика имаше доволно на другите медиуми и интернет, сепак и на политичките комуникации им одделувавме значајно место, иако со многу попребирлив приод кон самите теми и начин на нивно обработување.
Бевме активни и гласни сведоци на некои прилично важни процеси (Окрупнување на медиумите). Колку што се можеше се обидувавме да ги популаризираме (8 причини да блогираш ) и анализираме новите медиуми (What is ‘New Media’?) и блоговите.
Го „чепкавме“ Фејсбук уште кога „пиштол“ беше (Политизација на „My Space“ и „Facebook“?), а не ги запоставувавме ни другите форми на новите медиуми како што е мобилната телефонија (Змија, цивка, бипка, или ви llamadas pérdidas… ).
Загатнувавме и други важни теми кои чувствувавме дека традиционалните медиуми не ги покриваат доволно и достатно (Плагијаризам 2.0).
Се осврнувавме и на „фаци“, по нас важни за овие дискусии, и секогаш со задоволство ги пренесувавме и приопштувавме во нашава средина (Andrew Keen: lets discuss about
the impact of Web 2.0).
Не ни промакна ни Твитер, таман работа (Twitter breaking news: Паднал авион во Денвер).
Прилично често се осврнувавме на теми кои ги сметавме за критични, а една од нив секако е „љубоморното“ оцрнување на интернетот од страна на традиционалните медиуми (Киберфобија), како и ред културолошки теми блиски до медиумите (Глобални сељаци, Тинтернет).
Се обидувавме да бидеме критичари (Топ 5 причини како медиумите ја влошуваат општата живеачка, Од Билјанини извори), но не и мрчаторски критизери, колку успеавме останува сами да процените. Спорадично се навраќавме на политичката комуникација (Локалните кандидатите за градоначалници и употребата на Интернет комуникацијата, За слободата на медимите и новинарството во Македонија), но далеку од импресионирани од неа повеќе гледавме кон иднината на медиумите и комуникацијата (Twitter на едноставен македонски) и се обидувавме да внесеме фер-баланс во третирањето на интернетот, и промоција на „добриот интернет“ (Позитивен пристап кон Интернет. Свежи локални примери, Facebook бонтон).
И така сумарно земено, долг пат изодевме, но се уште чувстуваме дека имаме толку многу да кажеме. Се додека чувстуваме дека некој не слуша (читај, чита), ќе продолжиме со ентузијазам да твориме и споделуваме на овој блог.
Големо благодариме до сите оние кои барем еднаш не посетиле, оставиле коментар, линкувале, критикувале и потрошиле дел од своето време со нас и нашите писанија.
Срдечно,
Комуникации.
Pingback: Tweets that mention Ретро-комуникациии | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com
Pingback: Статистички податоци за блогот Комуникации.нет, по 5 години | К О М У Н И К А Ц И И
Great post, you have pointed out some great points, I likewise think this is a very superb website.
Philosophy when superficially studied, excites doubt, when thoroughly explored, it dispels it. – Francis Bacon
so many people are expedition parka women enamored of the canada goose vest men brand of unique design! citadel canada goose Since the average