Метаморфозис излегоа со прелиминарни резултати од анализата на предизборните кампањи на кандидатите за градоначалници во 85 општини. Резултатите може да се гледаат и низ негативен агол, но и низ позитивен.
И покрај тоа што укажавме дека локални избори и локално осмислена кампања е најпогодна и најмногу може да има ефект сепак изгледа за такво нешто ќе почекаме до следните избори.
Ај да не должам, еве го неативниот наслов:
93% од кандидатите за градоначалници не го користат интернет за промоција
Еве го позитивниот:
Бројот на кандидати за градоначалници кои имаат свој веб-сајт зголемен за над 120%
Деталите од анализата може да ги прочитате на сајтот на Метаморфозис, коментар има на IT.com.mk a изворниот извешај го има и во HTML и PDF верзија.
На кратко, еве два од главните заклучоци:
- бројот на објавени веб-сајтови е на многу ниско ниво (7%), при сепак се забележува минимален напредок во однос на претходните локални избори од 2005 година
- Мнозинство од кандидатите што имаат веб-сајтови не покажуваат интерес за комуникација на повеќе од еден јазик
Ајде, на следните избори ваљда ќе сфатат политичариве што е интернет…
Dali izbrani bile po random ili site se profilizirani?
Rufi Osmani ima sajt (rufiosmani.com) a ne e spomenat.
Znam deka e od metamorfozis, no sepak da nemas nekoja informacija onaka 🙂
Па мислам сите
Pingback: Медиумски огледала и прозорци | К О М У Н И К А Ц И И