Класична вест

Од извори блиски на комуникации.нет дознаваме дека група експерти утврдиле дека нешто битно ќе се случи на медиумската сцена во Македонија. Познавачите ни потврдија дека Форум+ ќе менувал газда. Се зборува дека тимот ќе останел ист, со мали рокади но за политиката се уште не се знае.

– Во фаза се интензивни преговори околу трансферот – ни изјави еден член на преговарачкиот тим кој инсистираше на анонимност.

И додека железотo е топло (или додека е топката во воздух) да соопштиме дека една странска фирма која се занимава со истражувања од областа на медиумите пред извесно време во едно свое истражување констатирала дека во македонската медиумска сцена има една дупка која треба да се пополни. Наши дописници од Хрватска велат дека таму сè појасни биле информациите кои упатуваат кон хрватскиот неделник Globus како пополнувач на оваa дупка.

Толку за денес, и онака овде има премногу извори за во еден текст. Со повеќе детали читајте нè утре 🙂

6 Comments Класична вест

  1. Anonymous 28/03/2007 at 15:16

    Извори ти течат од сите страни 🙂

  2. strumjan 28/03/2007 at 17:12

    Ај сега назад и да ги исправиш сите печатни грешки!

    Бонус: ALT+0233 од нумеричката = é

    🙂

  3. Струмјан 28/03/2007 at 21:35

    Ај да го „тупам“ до крај 🙂

    Тоа è што си го ставил не е правописното наше туку тоа што ти го пишав é.

    И сé уште се пишува вака, пак по правопис.

    Извини!

  4. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 06:00

    Wow, marvelous blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your web site is great, let alone the content!. Thanks For Your article about Класична вест | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.