Денес е 29ти март, одличен ден за 29тиот преглед во петок!
1. Нови рестрикции во таргетирањето на Facebook реклами
Facebook изјави дека ќе отстрани дел од параметрите за таргетирање, како што се возраст, пол и поштенски број, за реклами за домување, вработување и кредити. Мерките кои ги презема Facebook беа поттикнати од тужбата на повеќе организации во САД. National Fair Housing Alliance, the Communications Workers of America, и други, тврдат дека биле прекршени повеќе закони и акти. Facebook е под притисок околку ваквите реклами уште од 2016та, кога во извештај од ProPublica се дозна дека Facebook им дозволува на маркетерите да “исклучат” одредени групи на корисници врз основа на нивната етничка припадност. Иако не е точно со зборовите “етничка припадност”, Facebook има критериум наречен “ethnic affinity”. По објавување на извештајот, Facebook изјави дека ја остранува оваа опција. Пред помалку од две недели, Facebook постигна договор со организациите. Ќе бидат елиминирани дополнителните опции за таргетирање што им овозможуваат на маркетерите да објавуваат дискриминирачки реклами.
2. Сега сите ќе знаеме колку троши Trump на Facebook реклами
Вчера Facebook ја пушти во јавност новата “библиотека на реклами” (Ad Library) како одговор на ветувањето дека ќе ја зголеми транспарентноста откако голем број Facebook реклами беа искористени со цел да влијаат врз претседателските избори во САД во 2016та. Со опцијата за пребарување во оваа транспарентна библиотека, можеме да видиме колку пари трошат политичарите на рекламирање. Можеш да видиш колку пари потрошил Trump на реклами во последната година, кои пејџови пуштаат реклами во кои се зборува за имиграција или пак кои се претходните имиња на некој пејџ. За реклами кои не се поврзани со политика, опциите за таргетирање, буџет и трошење пари не се достапни. Подобрената транспарентност се очекува да игра голема улога во брзо и навремено спречување на дезинформации, дискриминирачки пораки, поларизација. Она што е најинтересно е дека можеш да имаш пристап до библиотеката и извештаите дури и ако немаш Facebook акаунт.
3. Веб страна ли е, Gmail ли е
Google најави голема надоградба на Gmail што ќе ни овозможи да имаме интеракција со мејловите директно во инбокс. Исто како да сме на некоја веб страна, ќе можеме да пребаруваме, да пополнуваме форми, да разгледуваме хотели. Ова може да значи поголема ефикасност во работата со мејл. На пример, би можел да одговориш на коментар напишан во Google Doc без воопшто да ја отвориш апликацијата. Би можел да означиш кои работни обврски се завршени или да ги делегираш на колега директно од нотификацијата на мејл. Ова се одлични вести и за нас маркетерите бидејќи сега ќе можеме да ги персонализираме пораките уште повеќе. Ако испратиш каталог со производи, пораката може да вклучува и carousel од производите со информации за оние кои се достапни во моментот или кога се на попуст. Ќе биде интересно да видиме дали ова ќе стане глобален стандард за сите компании кои нудат мејл услуги.
4. Луѓето преферираат да споделуваат содржина на “dark social”
Повеќе од 3000 возрасни интернет корисници во САД и Велика Британија беа анкетирани од GlobalWebIndex и We Are Social во истражување за зголемениот интерес на “dark” апликациите за четување. Дури 63% од испитаниците преферираат да користат вакви канали за споделување на содржина и препораки. Ова поместување во однесувањето на потрошувачите ни кажува дека голем дел од маркетингот доаѓа од социјалните мрежи, специфично од dark social. Маркетерите ќе треба да ја оптимизираат содржината така што ќе биде лесна за споделување. Популарноста на приватните канали станува сè поголема затоа што корисниците се сметаат послободни (неосудувани) кога ќе споделат нешто приватно, отколку кога ќе споделат нешто со јавноста.
5. Twitter лансираше уште подаркерски “Dark Mode”
Твитерџиите добија уште потемен “Dark Mode” откако голем број корисници се пожалија дека првичниот мод не беше доволно темен и дека беше тежок на очи на слаба светлина. Twitter исто најави дека експанзијата на dark mode опциите ќе ја отвори вратата кон градење на попристапни палети на бои и алатки во иднина. Ова е интересна вест, особено ако си запознаен со најновата “измама” на Twitter. Ако не си, ќе ти раскажам на кратко. Неколку корисници ширеа дезинформации дека ако ја смениш годината на раѓање во 2007ма, ќе добиеш нова палета на бои за твојот профил. Plot twist, наместо палета на бои, ќе бидеш заклучен од твојот акаунт затоа што си под 13 години (лимит на возраст за користење на Twitter).
Бонус линкови
Со ова го завршуваме денешниот преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.
Се читаме и во следниот преглед во петок, исто време, исто место. 😉