Откако со Дарјан ја издискутиравме темата за маркетинг и КОВИД-19 не смеевме да оставиме да не продискутираме за улогата на медиумите и предизвиците со кои се соочуваат.
А со кого друг да се разговара на овие теми ако не со членови на оригиналната постава на овој блог. Заедно со Сеад и Мите повеќе од еден час, вчера вечер, дискутиравме за теми кои во фокус ги ставаат медиумите, ние како консументи на медиумски содржини и секако посебен дел си имаа и социјалните медиуми.
Структурата на епизодата се движи некако вака:
- Како и зошто така лесно се шират дезинформациите
- Политизација на лажните вести
- Како процесираме и управуваме со информации во време
- Бројки и статистики и како најлесно се манипулира со нив
- Реакциите на „tech” гигантите
Во продлжение видеото а под него и аудио. Добедојдени се сите кои сакаат да се претплатат на нашиот YouTube канал 😉