За оние кој не знаат Interactive Advertising Bureau е глобална организација која се занимава со пружање на активна поддршка на растот и развојот на пазарот на дигитален и интерактивен маркетинг. Истата доби своја придружнива во Србија минатата година, а во Македонија процесот на основање е влезен во финална фаза.
Како дел од својата мисија за промоција и развој на пазарот на дигиталниот (интерактивен) маркетинг IAB Serbia во втор пат организира: Digital Day 2012 кој ќе се одржи на 25ти април во домот на млади во Белград. Минатогодишното искуство (беа неколку претставници и од Македонија) покажа дека јавноста во Србија и регионот е заинтересирана за дигитална комуникација, па така, посетителите повторно ќе имаат прилика да ги видат и слушнат некои од најголемите професионалци од областа на дигитален и интеракитвен маркетинг.
Предавачите кои досега го имаат потврдено своето учество на оваа стручна конференција се: Matevž Klanjšek, CPO на компанијата Celtra, кој ќе говори за напредните кампањи во областа на мобилното огласување, потоа Steffen Ehrhard, продукт експерт за display адвертајзинг во Google, Marta Klepka, интернационален маркетинг директор за Gemius (од неодамна присутен и во МК), која оваа година ќе ја покрие темата на пазарни мерења и истражувања, Gergely Toth, бренд менаџер и медиумски експерт за Heineken во Романија и други. Деталната агенда и распоред очекувајте на IAB.rs
Ние сигурно ќе бидеме таму оваа година и ќе пренесеме дел од атмосферата и заклучоците. А секако ќе бидеме тука кога сличен ваков нстан ќе се прави за IAB Мacedonia, наскоро!