Во оваа епизода гостинки ни беа локалните пионер(к)и кога станува збор за блоговите за храна. Сестрите Бојана и Маја пред 4 години го започнаа sitnoseckano.com и во меѓувреме објавија многу рецепти и дузина одлични видеа.
Разговаравме за мотивите, за фидбекот, за промените и секако за успешните и неуспешните рецепти. Во студиото со нас беше и Даниел (@thedcoy), човекот одговорен за поголем дел од визуленото претставување на блогот. Фотките подолу се негови.





Ако го дослушате до крај подкастот ќе дознаете дека наскоро ќе иницираме средба на блогери за храна, значи ако си за, вклучи се во муабаетот побрзо 🙂
А еве ги и нивните одлични видеа…
Супер подкаст 🙂 Освен „правливо“ што има врска со прашина а не со doable, мислам треба сеЧкано наместо сецкано 🙂 Нејсе, ова појќе ми личи на кујнски блогери отколку за храна, ама ај…
Да ви се множат и рецептите и спонзорите 🙂
Pingback: За (не)готвењето и блогирањето… Интервју со Комуникации.нет | сурово & вкусно