Во битка со корпорациите…

Дали онлајн битките кои потрошувачите, корисниците, купувачите (наречи ги како сакаш) ги водат со големите корпорации, брендови, компании се бројат како едена форма на онлајн граѓански активизам? Често, кога држиме обуки ги спомнуваме примерите за GAP, Heinz и сл. како корисниците предизвикале промени во планот на овие компании. Овој инфографик на Frugal Dad ја отвара токму таа тема и се обидува да ги прикаже најепските победи на т.н. social consumer или потрошувач во ерата на социјалните медиуми.

social consumer

Ако стигна до тука, сакам да те прашам дали ти текнува тебе на некоја ваква извојувана победа во МК? Своевремено имаше протести против Телеком агрегирани преку рЕволуција, но што е актуелно на оваа тема во последиве неколку години?

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.