Денов само што ми почна, а веднаш се гледа дека ќе биде добар. Ај што е сончево една работа. Дека е 1 Април, денот на шегата, уште една работа. Ама ме освежи добрата вест за добриот Вест.
Денес дневникот Вест излезе со нова глава и со позитивна содржина:
1 април е ден на шегата, кога вообичаено е дозволено и лажењето. Место шеги или лаги, „Вест” реши денеска да пренесе само добри вести. Или барем да ја види нивната добра страна.
Чашата може да биде или полупразна или полуполна.
Се обидовме денеска да му дадеме шанса на позитивното гледање на стварноста. Ние избравме да ве известиме дека чашата е до половина полна.
Посакувам секој ден да е 1 април. А потајно се надевам дека Вест и останатите дневни весници и телевизии и магазини ќе видат дека сепак може да се објавуваат и позтивини вести и дека тоа е убава работа која не заслужува да биде само исклучок.
Јас, лично, ова едногласно го поздравувам 🙂 Баш е потег на денот. За разлика од нив денес „Дневник“ пак продолжува со „NATO Summit fever“ и со лажен „тизер“ на насловна од интервјуто со Г.С. на НАТО Шефер, манипулирајќи во насловот „Очекувам три покани“ а во интервјуто човекот си вели „се надевам (на три покани) и не прогнозирам однапред“. Колкумина ќе го купат Дневник само заради л'жгата во насловот останува да се види.
Pingback: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И
I don't give a damn what your other car is!