Уште колку имаме до информатичко општество?

Македонија ќе стане информатичко општество, или барем такво сака да стане во иднина. Дали таа иднина ќе биде блиска или далечна, може само да погодуваме, сега засега ни оди многу бавно. Се уште не постојат правни основи кои би овозможиле онлајн комерција, нема креирано, а богами и нема некои посериозни обиди да се дигитализираат базите на податоци, нема ни доволно едуцирани т.е. компјутерски (технолошки) писмени луѓе кои ќе ги конзумираат информациите што би ги „произведувало“ информатичкото општество. Во меѓувреме би сакал да ви претставам еден многу интересен опис на модерната технологија. Се работи за дел од текст објавен во еден македонски магазин. Ова објаснување убаво ги сегментира различните нивоа на едукација на луѓето вон, но и на оние кои функционираат во информатичките општества.

За фриковите: 530 процесори AMD–Opteron на 64 битови во кластер архитектура со Dual-Nodes во климатизирани куќишта High-Density со еден TB RAM, харддиск 11 TB и 2,3 TFlops/s.
За познавачите: 1.085.440 мегабајти работна меморија, 10.880 гигабајти харддиск и 2.332.000.000.000 операции во секунда.
За лаиците: тоа што (суперкомпјутерот) Алберт може да го пресмета во секунда одговара со сметачките способности на 300.000 луѓе што на секои четири секунди множат два осумцифрени броја – и сето тоа цела една година.“

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments Уште колку имаме до информатичко општество?

  1. Anonymous 07/04/2005 at 16:04

    Супер е постот… само малку го доживувам навредливо она „нема некои посериозни обиди да се дигитализираат базите на податоци, нема ни доволно едуцирани т.е. компјутерски (технолошки) писмени луѓе кои ќе ги конзумираат информациите што би ги „произведувало“ информатичкото општество.“

  2. Darko156 08/04/2005 at 10:36

    Верувај и мене мми е навредливо ама што да се прави. Реалноста вика дека одвај 8% (можеби и помалку не сум сигурен) од населението во Македонија користи редовно компјутери а процентот со оние кои редовно користат интернет е уште помал. За жал ќе мора да се соочиме со реалноста

Comments are closed.