128 #ПрегледВоПеток – Voltswagen, YouTube експерименти, веб серии…

Сончевото утро ветува убав ден, а овој #ПрегледВоПеток најактуелните новости од изминатава недела. 🙂

Volkswagen се преименува во “Voltswagen”

Германскиот производител на автомобили Volkswagen ја ребрендираше својата подружница во Северна Америка во името “Voltswagen” во знак на иднината на електричните автомобили. Компанијата несакајќи ја сподели веста во понеделникот и многумина мислеа дека станува збор за лошо изведена првоаприлска шега.

We might be changing out our K for a T, but what we aren’t changing is this brand’s commitment to making best-in-class vehicles for drivers and people everywhere.

Scott Keogh, president and CEO of Voltswagen of America

Како беше песната? – Априлилили, газот ти свири за четири сливи… хихихи

Сепак во средата се дозна дека објавата за промената на името беше во духот на првоаприлските шеги. Да не речам маркетиншки трик за промоција на новото електрично возилo ID.4 SUV. Компанијата изјави дека брендот “Voltswagen” ќе го има на сите идни електрични автомобили но подружницата останува со истото име како и до сега – Volkswagen of America.

Пазарот, особено американскиот каде овој бренд веќе го имаше комплетно нарушено својот имиџ, не реагираше баш позитивно на оваа шега…

За танго се потребни двајца

Во објава за The Atlantic, Adrienne LaFrance го споредува Facebook со машина која ќе го предизвика крајот на светот. Машина чија единствена цел е да го уништи човечката раса. Во Netflix документарецот The Social Dilemma, претставена е дигитална контролна соба каде инженери притискаат копчиња кои им овозможуваат да манипулираат тинејџер преку неговиот смартфон. Социјалниот психолог Shoshana Zuboff раскажува за свет во кој е присутен масивен систем на надзор. Со овој систем се манипулаат однесувањата, ставовите и желбите на луѓето.

Во секоја од овие дистописки слики луѓето се прикажани како немоќни жртви. Тие се играчка за манипулативните алгоритми. Но дали е ова вистината? Nick Clegg (Vice President of Global Affairs, Facebook) вчера објави супер текст во кој зборува за врската помеѓу тебе и алгоритмот.

LinkedIn со нови функционалности

LinkedIn лансираше неколку нови функционалности за сите индивидуалци што ја користат платформата а кои ќе им помогнат да ја споделат нивната лична приказна и да го зголемат нивното присуство.

Најпрво, сега на кавер можеш да прикачиш и видео. Ова видео ќе им биде достапно за гледање на сите што ќе го посетат твојот профил. Дополнително, можеш да ја додадеш и твојата лична заменка веднаш до името. На овој начин корисниците ќе можат слободно да го изразат својот идентитет. И последно, LinkedIn лансира ‘Creator Mode’ за профили. Ова ќе им овозможи на корисниците да го прикажат нивното присуство и нивните интеркации на платформата на еден сосема друг начин.

YouTube ескпериментира со криење на бројот на dislikes

YouTube најави дека експериментира со криење на бројот на dislikes со цел да ги демотивира сите оние кои намерно стискаат на ова копче на сите видеа, без воопшто да ги видат. Креаторите ќе можат да ја гледаат оваа бројка но нема да биде прикажана јавно.

Веб сериите се новата форма на забава

Сите оние кои немаат шанса да ги пробијат ѕидовите на традиционалната телевиција, сега имаат нова шанса – нова индустрија која ги пренесува фикциите од кино екраните и далечинскиот управувач до стриминг сервисите.

Grgić: Web serije su postale centar novog oblika zabave – супер текст на Velimir Grgić, познат хрватски новинар, писател и сценарист, во кој зборува за историјата на веб сериите, борбата да стане признаена индустрија и сегашноста.

Разговор.мк доби инвестиција од балтичкиот акселератор Startup Wise Guys

Домашниот стартап Разговор.мк е единствениот од регионот кој доби инвестиција од 55.000 евра од балтичкиот акселератор Startup Wise Guys. Станува збор за платформа која на своите корисници им помага да го негуваат своето ментално здравје преку брз, едноставен и анонимен пристап до психолози и советувачи. Апликацијата е достапна за корисниците на Android и iOS.

Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе, IT.mk направија интервју со Георги Михаилов, основачот на Разговор.мк.

Бонус линкови

До следниот преглед во петок 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.