Тешко ми е да ја согледам корелацијата меѓу категориите доверба, квалитет содржина, влијание (прв дел) мислење за медиумите (втор дел) во едно истражување за јавно мислење и Објективност на информативна програма.
Можеби затоа што едното се базира на факти т.е. резултати од методолошки издржана анализа на содржина а другово е став мислење, перцепција на „изолирани” поединци.
Еве само неколку линкови кои никогаш не беа презентирани во јавноста, онака како што заслужуваат, барем колку што јас знам 🙂
Има еден Марфиев закон, вели „Ако консултираш доволен број експерти, можеш да потврдиш секакво мислење“.
Така е и со овие извештаи на „Медиумско огледало“, кои, ако се сеќавам добро, почнаа да излегуваат кога на претходната влада и беше јасно дека ја има изгубено доврбата на граѓаните и како еден од начините да го поправи тоа, избра да ги нападне медиумите и да ја намали довербата на граѓаните во нив.
Од друга страна, имаш истражување спроведено по правилна медотологија, кое покажува дека медиумите не стојат толку лошо како што се мисли и дека граѓаните сепак имаат доверба во нив.
Многу е лесно да кажеш дека медиумите се повикуваат на „неименувани или општоименувани нејасни извори“, а да не земеш во предвид дека одредени извори даваат информација само под услов да останат анонимни, бидејќи, на пример, се плашат.
Ајде да се вратиме назад на прашањето на анкетата.
НАЈОБЈЕКТИВНА
Кои се карактеристиките на една вест која ја прави објективна?
Не сум учел новинарство, не сум новинар, па затоа само ќе нагаѓам, ако некаде згрешам, исправи ме.
Да ги има сите инволвирани страни во приказната, да се тие (горе-долу) еднакво застапени, да се јасно и гласно соопштени позициите и изворите да се транспарентни т.е. потврдени. Нормално може и треба да има отстапуања кај изворите, но тоа се ретки исклучителни примери, а не дневна пракса.
Овој муабет нема никава врска со гледачи и нивната доверба, ова има врска со професионализам во новинарството. И колку што јас знам не е професионализам да немаш ниту еден цврст извор, а да имаш мнооогу јак текст (на насловна). А такви случаи може да поченеме на дневна база да набројуваме.
Приказната „се плашат” не ми проаѓа. Ако се плашат изворите, нека не се плашат новинарите. Тоа им е работа, да истражуваат, да објавуваат. А не да пренесуваат „анонимни” пораки упатени од еден до друг функционер, бизнисмен, политичар, докотор итн.
Истражувања има, само треба некој да ги чита:
http://mim.org.mk/mim/pages/common/database/news/…
Тешко ми е да ја согледам корелацијата меѓу категориите доверба, квалитет содржина, влијание (прв дел) мислење за медиумите (втор дел) во едно истражување за јавно мислење и Објективност на информативна програма.
Можеби затоа што едното се базира на факти т.е. резултати од методолошки издржана анализа на содржина а другово е став мислење, перцепција на „изолирани” поединци.
Еве само неколку линкови кои никогаш не беа презентирани во јавноста, онака како што заслужуваат, барем колку што јас знам 🙂
Повикувањето на анонимни извори инатаму масовен тренд во медиумите
Нерамноправна застапеност на политичките субјекти во медиумите
Многу шпекулации – малку факти