Кога во едно општество се подоготвува или уште повеќе кога се спроведува некоја промена тогаш таа промена мора да има свои подржувачи и симпатизери. Или барем треба да има неколку поединци кои ќе се обидат да создат критична маса која широко ќе ги отвори вратите пред најавените промени.
Во некоја мера оваа улога, свесно или несвесно, општеството, државата или конкретни лица може да им ја доверат на колумнистите, како лидери во конкретно општествено опкружување. Секако не мислам дека тие треба да бидат единствените и најистурените, но можат да играат важна улога.
Информациско општество. Технолошка револуција. Интернет. Е-Влада. Е-Граѓани. Wireless. Блогови. Подкаст. Нови медиуми. Информациско-комуникациски технологии. Партиципативни медиуми. И ред други…
Кој во Македонија се обидува да ги следи, анализира, критикува или (не дај боже) предвидува овие работи? Какви се социјалните импликации? Кои се следните промени? До каде е Македонија во однос на останатите? Кои се светските а кои локалните трендови? И ред други…
Американските и Европски, па дури и Хрватските и Српските весници веќе со години имаат колумнисти на овите теми. Тие пишуваат во стручни списанија, во дневни весници, во магазини… секаде и за секого, и за стручњаците и за оние кои немаат поим.
Сигирно нема да ги наведам сите, ама еве неколку ликови (колумнисти) кои во последниве денови ми поминаа мене низ екранот чисто колку да знаете за што правам муабет:
Dan Gilmore, Oleg Maštruko, John Dvorak, Steve Outing, Mark Glaser, Bill Thompson
Прашај ги тука и уредниците за изборот на колумнистите …
Сум пишувал веќе на оваа тема и на неколку места ставив свои линкови на оваа тема, ама слатка е темава за дебата.
„Зошто се избанализира јавната дебата“ – http://217.16.70.245/?pBroj=1706&stID=30642&a… е моја колумна посветена на колумнистичкиот занает во Македонија, а „Blogging-револуцијата во медиумите“ – http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1887&… се мои рисунки за блогирањето како феномен (иницијални, од аспект на пасивен учесник) …
Ги знам твоите колумни Ивица, и им оддавам почит, особено на онаа за блоговите која веднаш се најде на мојот блог како најтопла препорака.
Имаш параво за уредниците, можеби дел од вината треба да бараме и таму, но сепак не мислам дека тие се исклучиво криви.
Доколку тие виделе интерес било од колумнисти, стручњаци, професори или студенти, или пак интерес од страна на публиката веројатно ќе помислеле.
Сепак без разлика кој е крив а кој не е, дефинитивно потребни ни се покривања на овие теми и тоа од колумнисти и новинари кои ќе се бават исклучиво со овие теми, без навреда, не мислам дека твојот труд не е на место 🙂
Не, бе, за никаква навреда не станува збор. Единствено сакам да кажам дека „специјализацијата“ на колумнистите допрва треба да дојде во Македонија. Во моментов сите ние сме „специјалисти по општа колумнистика“. Посебно, пак, кога зборуваме за технологијата и нејзиното влијание врз општеството и пазарот … тука и покрај јасната потреба за колумнистичка специјализација досега не се нашол уредник-јунак кој ќе покани некој релевантен колумнист …
Велиш: „оваа улога, свесно или несвесно, општеството, државата или конкретни лица може да им ја доверат на колумнистите, како лидери во конкретно општествено опкружување“.
Па ние го имаме тоа веќе? Цела фабрика за ментална полуција! 🙂
Инаку, за другото, мислам дека не е потребна никаква свесно насочена дејност за решавање на оваа колумнистичка проблематика, туку тоа само ќе си го изменаџира приватното стопанство и пазарната економија. Уште колумнисти да земаат плата од Македонија, и ќе ја доисцедиме кутрата. Се сеќаваш на еден Пецко од Дар Мар, кога сите политичари ја молзеа кравата Македонија, и на крај се исуши кутрата. 🙂
А ако погрешно те разбрав и ти мислеше на некои веќе постоечки институции кои „по службена должност“ треба да го држи прстот на современите движења и промени предизвикани од развојот на технологиите и менувањето на начините на кои луѓето комуницираат меѓу себе, тогаш проштевај, и се согласувам со тебе.
Во ниеден момент не помислив дека државата треба да ги плаќа колумниситите.
Туку нејзе ја спомнав како најистурен промотор на некои од овие теми.
А дека држава преку нејзините апарати има можност да влијае врз медиумите, дневните настани, фокусот на публиката и потенцирање на одредена тема, тоа знаеме сите.
Дури има и цели научни дисциплини кои се занимаваат со оваа тема – однос на релација држава мас медиуми – моиве студии имаат и таков предмет кој е доста интересен
Дозволи да се позезам на твоја сметка, се надевам не се лутиш, пошто ова не го мислам сериозно:
однос на релација држава мас медиуми – моиве студии имаат и таков предмет кој е доста интересен
Ах, еве каде учеле школо спин-докторите. :-))
Не е зезање бе GoodBytes, дај боже да е така, нашиве спин-доктори да се за тоа школувани 🙂
Имаше доста дебати на оваа тема меѓу нас колегите на овие теми, особено кога една наша колешка имаше презентација за спин докторите