78 #ПрегледВоПеток

Ај здраво-живо, ете не со уште еден преглед во време на пандемија. Затворени дома, веќе малку презаситени од се што може да се консумира низ дома, и тука не мислам само на јадење и пиење туку пред се на медиумска содржина, соочени сме да пишеме уште еден преглед. Да се разбереме, не е дека нема што да сподели или што паметно да се чита, напротив, туку сè се врти околу коронавирусов па на моменти се подзамислува човек, дали ние претеруваме, или навистина ништо друго не се случува.

А како и би се случувало. Светов застана. Ние немаме намера да му се предадеме. Па затоа доста емпaтија и плачење, одиме со препораки за читање, и мислење 🙂

Facebook забрани deepfake видеа

Започнувам, намерно, со веста која има најмалку допирни точки со пандемијата 🙂

Освен ако не живееш без интернет, не верувам дека до сега не си разбрал што е deepfake видео. Оваа технологија на манипулација на видео е опасност за сите нас, за доброто на општествата во кои живееме. И добро е што интернет гигантите во прилично рана фаза се обидуваат да го сопрат ова.

Facebook во блог пост на својата платформа најави дека воведува политики преку која ќе ги отстранува сите видеа кои се манипулирани со помош на компјутерски технологии кои не укажуваат на тоа дека видеото не е вистинско и имаат за цел да ги измамат своите гледачи. Видеата кој имаат за цел да не насмеат нема да бидат отстранети.

Кој сака да гледа досадни видеа?

Но, ако го сопреме развојот на видеата, барем во насоката спомната погоре, кој би сакал секој ден да гледа досадни видеа од луѓе како си поминуваат дома во изолација? Па, според едно неодамнешно пишување на дел од тимот за истражување на Google, всушност сите ние сакаме да гледаме досадни видеа. Добро, да преформулирам, не се викаат баш досадни видеа, на англиски ги викаат „with me”, звучи подобро 😉

Лани Google, да не речам YouTube, извади дел од своите бази на податоци дека токму овие „with me” видеа забележуваат нагорен тренд низ целиот свет и тоа кај повеќе различни генерациски групи. Ако само ги разгледаме своите постапки деновиве, сето ова ќе ни има повеќе логика. Овие видеа покажуваат и дека навистина се ефективни кога станува збор за влијание врз нашите однесувања. Па затоа по нивна препорака купуваме, вежбаме, готвиме, учиме и…

Кој има ќар од лажните вести за коронавирусот?

Доста е со други теми, ајде назад на нашата не баш драга пандемија.

За велешаните кои правеа лажни вести ни беше ептен јасно кој и зошто го прави тоа, профит. Русите и другите ги прават за влијание на политичко ниво, но кој би имал интерес од лажни вести за коронаворусот?

Едно од најтешките прашања во процесот на намалување на влијанието на лажните вести е токму ова. Кој и зошто ги произоведува овие дезинформации? Понекогаш, колку и да се чини тежок, одговор има. Се што треба е добро истражување и анализа. Иако далеку полесно е да се каже кој нема е во зијан од овие вести, сепак во кризни времиња има и доста и ситни но и крупни профитери кои посегнуваат по дезинформации.

Нови навики

Дека ги менуваме своите навики под влијание на изолацијата и ред други не баш така добро промени, на сите ни е јасно. Но еве два линка каде работите може да станат за нијанса појасни.

COVID-19 Consumer Impact Tracker, не прашувајте како се нашло на врв на листата укулелето. Озбилно, не прашувајте!

Comscore редовно ги надополнува статистики за користење на различни типови на сервиси и сајтови, ова е само еден од нивните извештаи, ако сакате редовно да ги добивате следните, претплатете им се.

Технологијата, решение за ширење на вирусот

За жал, кризните мерки во земјите низ целиот свет им отворија врата на голем број влади да го намалат владеењето на демократијата. Не, нема да го коментирам црството на Орбан, туку ќе пуштам два линка кои анализираат кои влади и како се обидуваат да употребат технологија за следење на локацијата на своите граѓани се со цел да го намалат ширењето на вирусот.

Темава е ептен жешка и секој ден има голем број на корисни информации кои излегуваат на површина. Како почеток на твоето понатамошно копање, еве само три места од каде може да се почне:

Palantir in Talks With Germany, France for Virus-Fighting Tool – Bloomberg
How Russia is using authoritarian tech to curb coronavirus – CNN
Следење преку мобилните телефони во време на корона – DW

ДОПОЛНУВАЊЕ: COVID-19 Community Mobility Reports – Google + извештајот за МК (pdf)

А мене интересен ми беше и овој список на чудни мерки – 360°

Бонус линкови

Толку. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

За крај наместо стрип, еве уште еднаш препорака за последната епизода на #комкаст со мене, Сеад и Мите

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.