Секој го сака тоа централно

Помина периодот кога во мк континуирано се спомнуваше децентрализација, дојде време за интернет, а таму пак сите бараат централизација. Еве уште едно интересно, и едукативно видео од некој познат web 2.0 фраер (француз) кој нацртал околу себе мапа на своето интернет социјално опкружување.

Не ми е јасно. Народов прави блогови за да биде свој, затоа што не му се бендисуваа центарлизираните збиралишта на информации (да речеме дека е така), и после некое време, вика, чекај сеа, многу ми се насобраа информации околу мене, ај сеа пак ќе ги централизираме, ама овој пат јас ќе бидам центарот.

Е се е тоа добро, ама има уште миљарда други кои сега сакаат да бидат центар. И сега што? Сите ли ќе бидеме центар за сите? Едноставно не е возможно. Па дури и да се направат системи кои ќе не централизираат индивидуално, ќе има неколку такви и пак нив ќе треба некој да ги централизира.

Нема крај. Или…

Via

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Секој го сака тоа централно

  1. sead93 05/04/2008 at 18:40

    Моислам дека може да се асоцира со теоријата на Делез и Гатари за „ризомот“ како метафора за ваквата структура на комуникациски систем.

Comments are closed.