Видео, слики и презентацијата на Eniac – Комуникации.нет 5 години

Прославата по повод 5 години од постоењето на овој блог помина пред скоро една недела. Со мал организациски прoпуст, не знаевме дека во клубот на новинари се гледа (масовно) организирано фудбал, се останато помина како што треба. Им благодариме од се срце на сите кои дојдоа и кои се јавија да честитаат во пораки, коментари, твитови и на Facebook. Со празнициве и ние си земавме малку одмор, но веќе од седнава недела се враќаме во работен мод :).

Како материјал по кој ќе се сеќаваме на овој мал јубилеј ни остануваат еден видео клип со пораки од неколку наши пријатели, една галерија на фотографии и секако видео од гостинскта презентација на Небојша. Уште еднаш голема благодарност до сите, особено до Небојша.

Фотографии сликани од @kuzevski

Видео честитка

Презентацијата на Небојша (Eniac)

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

5 Comments Видео, слики и презентацијата на Eniac – Комуникации.нет 5 години

  1. Pingback: Tweets that mention Видео, слики и презентацијата на Eniac – Комуникации.нет 5 години | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

  2. kihuПотру 05/04/2010 at 18:13

    колку е само весело видеото на крајот.

    не знам колку пати напишав некаде (секаде) среќен РОДЕНден, но ете во ритамот на песната што ја потпевнува Бранка уште еднаш честитки & keep ON we are HERE 2 read yOu!

  3. Jagoda 07/04/2010 at 00:25

    So zakasnuvanje Vi go cestitam rodendenot i vi posakuvam mnogu uspeh vo idnina! 🙂

  4. darko buldioski 07/04/2010 at 00:33

    Благодариме Јагода, благодариме kihuПотру, никогаш не е доцна за примање честитки и се разбира никогаш доста од примање честитки… 🙂

Comments are closed.