На забавните сајтчиња многу се популарни слики и други записи со јазични утки, смешки, досетки, грешки, преводи, пораки, огласи, мешање латиници и кирилици, и слично 🙂 Кога сме така доследни кон исмевањето на грешките на другите мислам дека е „општествено оправдано“ 🙂 да упатиме една добронамерна и ултра-конструктивна критика до домашните медиуми, поточно телевизии.
Се работи за клавањето на зборот „живо“ под логото на телевизијата за настани, натпревари (и сличито) кои се пренесуваат директно. Некако бев толерантен кон таа очигледна љуфка и смешка, да речеме од технички причини, оти, нели, кириличниот фонт е крупен, па не го збира, и слично, но кога ќе видам дека на странскиве медиуми ич не им пречи да рокнат под логото збор од типот на „rediffusion“, тогаш би можеле и ние некако да се снајдеме на таа тема.
За што станвуа збор и што е поентата на муабетов, од јазична гледна точка?
Да се стави „живо“ под лого во опишаната ситуација, е грешно, првин, нема традиција ниту поткрепа во јазикот, па ако се преведува, пренесува англиското „live“ (кое е скратена форма на синтагмите „live coverage“, „live broadcast-ing“), треба да стои „во живо“ (правописно е дозволено и „в живо“. Како што вели и насловот, живо би било превод на англиското „alive“, што е малку различно од идејата на зборот 🙂
Во јазикот има поткрепа следниот израз, „директен пренос“, па под логото може да стои и „директно“. Веројатно ова може да прозвучи малку минуциозно и цепидлакаво, но колку да се нотира нешто што е погрешно, кога веќе за покрупните работи велиме дека треба време.
Или пак можеби јас во својата човечка ограниченост не можам да разберам дека можеби тв-техничарите со тоа на гледачите им држат ритам (како во она српското коло, „живо-живо, опа опа“), па така си тропам глупости .
Уште едно <a>А….
Може некогаш низ блогов сте ја третирале и оваа тема, ама мене години наназад ме мачи: Маркетинг – џингл кога треба да се пуштат реклами, или економско-пропагандни пораки, или на крај краева ако сакаат да се модерни – Промотивни пораки…
Изедначување Маркетинг со ЕПП е бетер од изедначување на компјутер со машина за чукање…
Да не држам предавање дека маркетингот има 4 дела, од кој едниот од нив има други 4 дела, од кој едниот од тие го вклучува ЕПП во себе… 🙂
Enjoyed every bit of your article.Much thanks again. Want more.