Постот на Дарко (за децентрализација и централизацијата на комуникацијата) ме мотивираше да прочепкам низ белешките од студиите и некои книги, каде се спомнува теоријата за цикличната природа на културните феномени. Едно од позабележаните имиња во оваа област е Клод Леви-Строс.
Негов клучен инструмент за толкување на културните процеси, која ја толкува како симболичка комуникација, се т.н. бинарни опозиции (концепт преземен одлингвистот Фердинанд Де Сосир). На кратко кажано, тој смета, дека постои универзална структура на различни обичаи во различни култури кои се базирани на концептот на двојни опозиции, и кои различно се рефлектираат во различни култури, но ја задржуваат самата опозиција во својот корен. Со други зборови, човекот како социјално суштество има одредени исконски импулси, а еден од нив е потребата да го толкува светот. Ова толкување тој го прави преку организирање на нештата од светот околу себе во систем од контрастивни поими (добро-зло, горе-долу, младо-старо…).
Оваа академска заврзлама од идеи може вака да се илустрира: една од централните опозиции кои на длабинско ниво функционираат во општеството е опозицијата природа (п)-култура (к) (природата како сфера на физичкото, нагонското, емотивното, а културата како сфера на духовното, идејата, мислата, идеалите, и слично). Денес оваа опозиција во медиумите се реализира преку спротивставување на различни жанрови: уметност (к) : музички спотови (п), вести (к) : спорт (п), филм (к) : reality show (п), и т.н. Како тест за прифатливоста на оваа идеја може да се спомне дека, на пример, она што денес ние го имаме како опозиција филм-reality show (едното поуметничко и преработено, другото понеспосредно и непреработено) во XVI-XVII век било опозицијата (а) да одиш да гледаш некоја драма од Шекспир во театар или (б) да одиш да гледаш спалување на некоја „осомничена“ вештерка, или пак во античкиот период опозицијата антички театар/ораторските натпревари наспроти гладијаторски борби/дионизиски журки од друга страна.
Да се навратам на темата за менување на циклусите за кои зборува Дарко, а гледано низ историска перспектива, може да се каже дека и во други историски контексти (во поинакви форми, но во слични концепти) биле проживувани процесите на контрастирање на централизација и децентрализација во комуникацијата (на пример периодот на последниот француски крал Луј XVI како централизирачка фаза наспроти периодот на Француската револуција, со познатите јавни собири и дебати од кои произлезе максимата Liberté, Egalité and Fraternité, за да потоа дојде периодот на Наполеон како премин назад кон цетрализирачкиот принцип, и.т.н. Нашата еуфорија околу глобализацијата и новите медиуми и нивната демократизација, е разбирлива, но треба да се потсетиме дека слични еуфорични периоди имало и порано низ историјата, разликата е пред се во тоа што тие процеси се денес побрзи и глобално поповрзани.
Wow, wonderful blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your web site is wonderful, as well as the content!. Thanks For Your article about Cyber Levi Strauss | К О М У РИ К РЦ И И .