Македонските медиуми се борат со замислен противник

NewsAggregatorКога за прв пат организиарано се одгласија „потписниците” почнав да пишувам пост, па се испишманив. Тогаш It.com.mk имаа фин осврт, додадов неколку коментари и твитови и навистина не почувствува потреба да го повторувам истото уште еднаш.

Деновиве „потписниците” овој пат во поширок, состав се одгласија уште еднаш, со поспастрена препорака. Си се договориле тие и решиле сами да направат договор кој треба да го почитуваат две страни, а тие се само едната страна, малку нелогично, но ајде, нека биде така. Нелогично е зошто за дел од наведените работи не ги заштитува ниту еден закон, а ако не им се потпише другата страна договорт не им важи. Ова е онолку колку што јас се разбирам во право, може и да немам право :).

Начелата кои ги наложуваат воопшто немам намера да ги коментирам едно по едно, патем Новица одлично го сторил тоа во денешниот пост Кучето и триковите:

Лекцијата што треба да се запамети е дека секогаш кога една индустрија ќе се најде пред пораз од …. новите услови на пазарот, таа се крие зад регулација која често изгледа апсурдно.

Она што сакам да го констатирам, и јас, е тажната слика која уште еднаш сами за себе си ја креираат локалните медиуми. Со начинот на кој решиле да се справуваат само уште еднаш покажуваат дека не го сфаќаат сегашниот медиумски еко-систем.

Да се разбереме, не велам дека не треба да се борат против ситуации во кои некои медиуми им ја зимаат содржината и заработуваат на тоа без притоа да им носат нив корист. Да, треба да се борат против тоа, но треба да се борат со еден аршин за сите. Сепак, во борбата мора да се прави разлика меѓу различните медиуми и практики. Овде секако мислам на борбата со замислениот противник: агрегаторите.

Наместо да се обидуваат сами на себе да си ја припишат целата заслуга не ми е јасно зошто никој не седна и не се запраша:

– Како работи алгоритмот на агреготорот?
– Како јас почесто да бидам прв таму?
– Како да го оптимизирам насловот за да кликаат на мојот а не на оној на другиот медиум?
– Како да подготвам соодветен текст кој ќе се појави како извадок и ќе го измотивира корисникот да кликне токму на мојот линк?
– Која фотографија да ја употребам за да биде најпримамливата во кластерот на слични вести?
– Кога да ја објавам оваа вест?
– Како читателот ја чита/скенира мојата содржина?
– Што да му понудам за да се врзе со мојот бренд, да го осети како свој и да клика одма на мојата вест штом ќе ја види, каде било.
– Што да му понудам за да доаѓа почесто на мојот сајт?
– Како да воспоставам поефективна комуникација и да изградам поголема доверба со крисникот?

Се додека се однесуваат како деца на кои им ја украле топката не може да очекуваат почит. Треба да седнат и со работа да докажат дека има зошто да се посетуваат. Дотогаш, може да си „плачат” колку сакаат. Денес производството на информации не е исто како и порано.

@Новица, ги броев карактерите, ама немам писмена согласност 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

19 Comments Македонските медиуми се борат со замислен противник

  1. Zlatko Trajcheski 08/04/2010 at 22:20

    Интересно е како истите тие медиуми крадат слики и ги објавуваат со нивните вести. Неколкупати се случило мои пријатели да си се препознаат на сликата од некоја вест, а сликата да е од нивната приватна колекција оставена на некој јавен сервис за споделување на фотографии.

  2. Darko Buldioski 08/04/2010 at 23:00

    Златко, јасно е тоа како ден. Но намерно не сакав да го потенцирам затоа што имаше сосема издржани коментари во таа насока на други места, па реков ајде да не се повторувам, ставив само линк 🙂

    патем, фала за коментарот. ако ме држи добо меморија ова ти е прв тука? 🙂

  3. Pingback: Tweets that mention Македонските медиуми се борат со замислен противник -- Topsy.com

  4. Anonymous 09/04/2010 at 02:26

    19 странки се потписници на договорот. Ако не е спротивен на законот, нема никаков проблем да се договараат што сакаат. Но, има друг проблем – ако сите тие страни претставуваат значителен дел од пазарот, тогаш мора да реагира антимонополска и да провери дали пазарот се оштетува со ова. Ама они не реагираа на јавно објавениот договор за поскапување од 10 на 15 денари (пред 5? години) а не па на ваква бизарност…

    Туку, проблемот лежи во тоа што самите весници немаат права на голем дел од текстовите и фотографиите, па на овој начин сакаат да го заштитат краденото. А тоа е неодржливо на суд (или премногу мала вредност за да се судат), па затоа ги уценуваат веб сајтовите на ваква глупост…

  5. sead93 09/04/2010 at 10:20

    Не ми е јасно што бараат Кајгана и Иди види во листава на медиуми за заштита на содржини, они бе немаат 1% свои содржини?

  6. sead93 09/04/2010 at 10:22

    Значи ако ја усвоиме нивната методика, ЌкрадешШ некоја вест, слика, видео, ставаш свое лого, потпис, матичен број, што и да е, и го прогласуваш за свој, така некако?

  7. Богдан Н. 09/04/2010 at 17:52

    Мене најблиску до вакво искуство ми беше лани во септември кога го објавив ова http://blogatash.wordpress.com/2010/01/08/♦… и во Фокус ја објавија сликата два пати дури (еднаш на трета страна во содржината и после во текстот од Јадранка Костова.

    Не дека не ме споменаа таму како автор, напротив, дури и ме препорачаа на читателите со адреса на блогот, ама кога им пишав мејл со едно „фала за публицитетот“ и им понудив дури и понатамошна соработка, тотално ме игнорираа – никаков мејл не добив одговор.

    На што личи тоа?

    Си зел слика од некој блогер, си ја објавил во весникот, па пиши му едно мејлче за фалата му негова, кога веќе си ја зел сликата без да го прашаш претходно за дозвола…

  8. Darko Buldioski 09/04/2010 at 20:01

    Ех, Богдан, па ти треба да частиш :)))) те навеле како извор. Се шалам. Кваитетот, етиката и практиките на нашите медиуми се башка прашање кое не им дозволува да се прават премногу паметни, ама што е тука е 🙂

  9. Солза 10/04/2010 at 22:59

    Ех, за крадење на содржини од странски медиуми имам и усна потврда од уредници од два медиуми што се потпишани овде, баш на оваа тема истражував 🙂 .

    Мислам дека и од аспект на заштита на авторските права, тешко дека ќе можат да извршат некаков притисок, бидејќи не гледам што тоа би заштитиле со законот за авторски и сродни права. Јавно рекетарство и плукање е друга работа.

    Пола од овие потпишани медиуми, немаат ниту двајца вработени во своите редакции, па треба да се запрашаме како тие ги создаваат објавените содржини.

    Погледајте ги само вестите за меѓународни настани од областа на спортот, економијата или политиката, 90% од медиумите не објавуваат извор, НАМЕРНО за да не добијат тужба за повреда на авторските права.

  10. Anonymous 12/04/2010 at 12:19

    Што се однесува до иницијативата на медиумите против агрегаторите на вести, а во насока на заштита на авторските права, односно интелектуланата сопственост , не гледам никаква причина истата да не се оправда и поддржи.

    Според мене во овој и најголемиот број на постови на оваа тема доминира негативниот и критички став околу оваа иницијатива. Што е уште понекоректно, преовладувачката (против)аргументација која се нуди речиси воопшто не ги третира суштинските мотиви и правила на игра кои се нудат во иницијативата.

    Овој пост (Makedonskite mediumi se borat protiv zamisleni protivnici) како и голем дел од останите твитови и коментари се потпира на аргументи што се однесуваат на други теми т.е „ја промашуваат темата„. Овие аргументи може да се категоризираат во две групи: Оние против лицемерните „крадачки„ практики на некои медиуми (што е така/ според мене) и оние што ја потенцираат неволноста на медиумите да се прилагодат на новите услови на игра на онлајн пазарот (што не е така, според мене). Но, како и да е, двете групи аргументи ја утињаат темата и припаѓаат на реторичка стратегија метонимија (нештата не се именуваат со нивното право име) и логички аргумент ad hominem.

    Зошто нештата не се имаенуваат со вистинското име? Затоа што агрегаторите на вести профитираат од туѓ интелектуален и авторски труд . Тие (агреагаторите) не се замислени ветерници ниту пак имагинарен противник. Профитираат од туѓите медиумски содржини и се рекламираа во рамката во која ги отвараа нивните вестите итн. и оп!… три рекламни банери (ONE, radio slobodna evropa i KRKA). Зошто? Затоа што некој направил алгоритам кој жнее „туѓи ниви„ :). Тој замислен противник ги краде кликовите на оргиналните веб страни и им ја намалува маркетиншката вредност. Тоа не е замислен противник.

    Зошто ad hominem? Во логиката овој аргумент е многу тешко да се побие затоа што всушност се однесува на карактеристиките на субјектотот на критиката (медиумите што иницираа регулирање) а не на содржината на критиката( аргументите пртив агреагаторите и понудените принципи на регулација). Значи, тоа што некои медиуми истотака крадат содржини или пак што бавно (но сепак сигурно и неоспорно) се прилагодуваат на онлај компетитивност не ги прави агреагторите апстрактини крадачи, тоа е сосема друга тема, друга битка. Така се караат ВМРО и СДСМ…„ви крадевте!!!„, аааа како не… а вие на времето кога крадевте„. Тоа не е дебата, тоа е дупка без дно.

    Да не го должам, тоа што не ми се допаѓа кај најголемиот дел од твитерџиите и блогерите

    кои учестуваат во оваа дебата е што веројатно некако самите се чувствуваат како должни апологети на агреагаторите и новите медиуми итн. Скоро никој и да не напиша пост за не фер односот на TIME.MK или DAILY.mk, а сите се разлутија на иницијатаивата на медиумите да се регулира сето тоа.

    Медиумите им рекоа на агрегатите, абе доста мување,идеме или не идеме. А „блогосферата„ рече „ааааа… а некои од вас што ги имаат видено со туѓи девојки„. Е на тоа се сведува. „Шехерезад„

    Поздав,

  11. Darko Buldioski 12/04/2010 at 12:34

    Марко, ако добро прочиташ и во постот и во некои од другите посолидни критики ќе видиш дека никој не се буни дека тие треба да си ја заштитат содржината да не им ја читаат на радио и да не се полнат други сајтови со комплетната содржина од оригиналните извори.

    Реакцијата, крајно контрирачка, доаѓа затоа што не се аплицира истиот аршин на сите, и што е најважно кај себе. Она што тие прават е напаѓање на издвоени сајтови (агрегатори) во име на цела група сајтови. А за воља на вистината тој што создаде најмногу публика зад себе и им носи нив најногу публика го создаде тоа затоа што знае како функционира интернетот и понуди нешто што на публиката и треба. Ако тоа го прават останатите нема да имаат толку голем проблем.

    Патем, агрегаторите ќе ги спроведат сите услови наведени во едностраниот договор и повторно ќе заработуваат од реклами. Тоа воопшто не е проблем. Зошто иако содржината е туѓа, сервисот ќе ги почитува сите правила на игра и што е најважно и понатаму ќе нуди збогатено искуство (агрегација, групирање и сл.) кое ќе сакаат да го користат интернет корисниците.

  12. Darko Buldioski 12/04/2010 at 12:40

    Марко, патем, не следиш доволно за Time.mk и за Daily.mk 🙂

    Тиме.мк континуирано добива критика од твитерашите (блогерите) врз осноава на која сервисот напредува, и кога сервисот ја слуша публиката тогаш добива армија на почитувачи кои зстануваат на негова страна кога треба.

    Daily.mk се изгоре во твитер сферата во МК. Добија лавина критикии реагираат арогантно и се повлекоа од таму. Патем On.net.mk прикажува вести од агрегатор кои не водат до оргиналниот извор. Дали потписнициве ќе пратат тужба до нив?

  13. Anonymous 12/04/2010 at 13:25

    Дарко, јас се согласувам со тоа што го напиша и не реков дека е поинаку. Агреагторите ќе продолжат за заработуваат од реклами и ја им додаваат вредност на информациите и некои медиуми немаат образ да бараат регулација итн.

    Но ако сите се согласвуаат за важноста и потребата од регулација на превземањето содржини, дали можеш да ми посочиш некој кој исцрпно елаборира на таа тема (прескритивно), а не описно.

    Твојот пост се вика Македонските медиуми се борат со замислен противник (алузијата е дека не постои противник? ). Ако како што велиш дека сите се согласуваме во потребата од заштита на содржините , тоа подразбира дека има противник (од кој треба да се заштитат медиумите). Противници се само радијата и веб порталите, но не и агрегаторите или како?

  14. Anonymous 12/04/2010 at 13:45

    Тоа што агрегаторите не постоеле во минатиот век, не е оправдание да не постојат сега. Исто како што и интернет е новосоздаден, така и агрегаторот.

    Тоа што боде очи е што весниците не си го исполнуваат тоа што го бараат од „тие гнасни агрегатори“… Ги преведуваат и ги објавуваат вестите без линкови до оригиналот (веб, тикер, вотевер) а бараат линковите до нивните преводи да бидат не знам какви. И весниците се агрегатори, само што преведуваат подобро од Гугл транслејт (знам, не секогаш е така)…

    Според мене најдобро е sharing is caring… Штом нешто отишло во етер, тоа е јавно. Е сега, нормално, ако Дневник истрошил 5 работни дена на 3 новинари, а ти му го украдеш текстот, ич нема да му ја мисли и ќе те даде на суд. Ама сега затоа што медиумите НЕ можат да те дадат на суд затоа што и самите краделе, ајде да потпишуваме договори. Демек според странските примери. Па таму весниците не крадат од туѓи сајтови!

    Видела жабата ги потковуваат коњите…

  15. Darko Buldioski 12/04/2010 at 14:03

    Марко, најголем противник во очите на потписниците е Time.mk, колу што јас успевам да сфатам, ако не е така тогаш се извинувам. Јас велам дека тој не им е противник, напротив. Тој сервис секогаш постапувал во корист на изворите, помалку или повеќе. Другите портали, радио останици и агрегатори им се противници зошто не носат скоро никаква вредност за самите извори.

    Патем, насловот е провокација 🙂 деталите се внатре 😉

  16. Зоки 12/04/2010 at 19:47

    Колку е faıl статијава и колку се faıl коментариве. И колку е утната поентата на вашите коментари. Твитераши мрчат затоа што медиумите и порталите ставиле потпис дека се договориле на правила како меѓусебно да ги превземаат содржините. Што има лошо тука и кој се чувствува загрозен? Што има лошо еден медиум/портал да се договори со друг/и под кои услови може да меѓусебно да превземаат и разменуваат содржини?

  17. darko buldioski 12/04/2010 at 20:30

    Зоки запознај се со темата малку подобро па после противи се. Да на прв поглед изгледа тоа така, ама тие сакаат оние кои не им се потпишале да им ги почитуваат правилата на кои тие си се потпишале.

  18. Anonymous 12/04/2010 at 20:55

    ПЛУС, самите весници не си ги почитуваат правилата на кои што инсистираат за другите…

  19. Игор Јаневски 20/04/2010 at 14:32

    Имам само нешто да додадам на целиот муабет (иако нажалост не читам многу туку се борам да серверите мои имаат струја :))

    Не знам што треба да направиме за да не се плашиме дека ќе ни стигне некоја неоснована тужба во фирма. Нека излезат и нека кажат што точно очекуваат и што треба да се направи. Од една страна има медиуми кои што бараат да ги ставаме на нашиот сајт од друга страна ни претат дека ќе не тужат … Има ли црно и бело или се е сиво?

    Игор, Daily.MK

Comments are closed.