129 #ПрегледВоПеток – Facebook Analytics, Apple AR, LinkedIn совети…

Нека денот по утрото се познава! Добро утро од мене и читнете си нешто интересно во овој #ПрегледВоПеток 🙂

Facebook Analytics достапен до 30 jуни

После 30ти јуни, Facebook најави дека Facebook Analytics нема повеќе да биде достапен. Најавата која им кажува на маркетерите дека повеќе нема да може да се потпираат на Facebook Analytics е објавена во Facebook for Business help center.

Компанијата не дава конкретна причина поради која ја повлекува оваа алатка, но затоа ги советува корисниците да ги користат Facebook Business Suite, Ads Manager и Events Manager откако Analytics повеќе нема да биде достапен. На интернет веќе почнаа да се јавуваат туторијали за како да замените дел од инфорамциите што ги имаше тука… ама далеку од комплетна е листата…

Apple сака да користи augmented reality (AR) за подобрување на разговорите

Tim Cook даде наговестување дека Apple размислува за AR во интервју за New York Times.

Веќе неколку години се зборува дека тие работат на проширена (аугментирана) реалност, а последните вести се дека наредната година ќе биде лансиран mixed reality device, кој во себе ќе содржи и augmented reality и virtual reality.

Кога станува збор за проширена реалност, Tim се согласува дека е од круцијално значење за компанијата и дека дека може да се искористи за подобрување на разговорите.

“You and I are having a great conversation right now. Arguably, it could even be better if we were able to augment our discussion with charts or other things to appear,” Cook said. He imagines AR being used in health, education, retail, and gaming. “I’m already seeing AR take off in some of these areas with use of the phone. And I think the promise is even greater in the future.”

Facebook не ги информира корисниците чии информации се достапни онлајн

По објавите за повторен скандал со препродажба на лични информации извлечени од Facebook, компанијата најави дека нема намера да ги извести своите 533 милиони корисници, чии податоци беа на продажба.

Сите имаме информации за себе кои не сакаме да се прикачени некаде рандом на интернет – како роденден, локација, целосно име и презиме, телефонски број и слично. Така што разочарувачки е дека Facebook не сака да ги извести корисниците кои ќе бидат засегнати. Под превезот дека се ова стари податоци, како божем менуваме име и ден на раѓање секој ден… некако не се дигна премногу галама на темава… или допрва ќе станува голема… ќе видиме.

10 совети за LinkedIn

Barbara Slade Jagodic која е активен корисник на LinkedIn скоро 1 година, вели дека доста голем процент на приходи и клиенти ѝ доаѓаат токму од оваа социјална мрежа.

Доколку мислите дека никакви информации не добивате од LinkedIn или дека никој не е активен на оваа мрежа, тогаш не ги имате вистинските луѓе. Моментално ова што се случува на LinkedIn е Утопија за маркетерите. Објавите имаат огромен органски досег, сите се позитивни, сите се поддршка, има по некој критичар, но во главно сè е супер!

Прочитај ги 10-те совети од Барбара за подобрување на твојот LinkedIn профил.

Бонус линкови

Се читаме во следна прилика! 🙂

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.