Адам Кертис (Adam Curtis) е легендарен лик на британската медиумска сцена. Автор е на неколку култни документарни филмови, меѓу кои за издвојување се „Century of the Self“, „The Trap“ и „The Power of Nightmares“.
Овој пат ви претставуваме (via една друга легенда, Charlie Brooker) негов краток филм за ТВ новинарството, „The Rise and Fall of the TV journalist“. Во него тој опишува неколку фази од еволуцијата на тв новинарите, наведувајќи ги:
(1) Фаза на ТВ новинарите како лигуши на политичарите
(2) Пост Вотергејт ерата на истражувако новинарство
(3) Кризата на истражувачкото новинарство по падот на Берлинскиот ѕид и подемот на т.н. „Мекинтаеровско новинарство“ базирано на Reality TV елементи, односно менување на фокусот од новинари како лидери на јавно мнение, кон емпатија со искуствата на публиката.
(4) Фаза на де факто отстранување на новинарот и промоција на култот на „Ваши вести“. Како што вели авторот, новинарите кои главно немаат поим што се случува во комплексниот и поврзан свет, сега се држат до авторитетот на „масата“, т.е. публиката, која исто така нема поим што се случува во светот. Но, не е важно, битно е што сé е тоа врвно демократски, поентира тој.
Ви оставаме сами да процените во која фаза сме ние…
комплексниот и поврзан свет = комплексниот и вмрежен свет? 😛
Ние сме во фаза 5: The return of the King Jurnalist со единствените непобитни објаснувања на светот за нас.
Еве колку не разбираат тоа британците:
Want a jurnalist to explain the world to you? Move to a dictatorial country 😛
Собрани дела од Адам Кртис http://archive.org/search.php?query=adam%20curtis