Веќе е извесно, западниот свет ја даде својата поддршка и ја именуваше револуцијата во Молдавија како Twitter Револуција.
Младите таму, како скоро сите малди ширум светот, ги користат новите комуникациски канали за да се органзираат т.е. да пренесат пораки на што е можно повеќе луѓе за пократко време. Секако тука е Facebook, но до израз доаѓа најмногу Twitter.
Зошто?
Па иако Молдавија не технолошки толку развиена овој сервис за микроблогирање не бара многу. Прво, овозможува да се движите и да го користите, т.е. не мора да се врзете за компјутер туку доволно ви е мобилен телефон, второ не треба којзнае колку напор за да се користи. Има тука и три и четири итн ама не мора сега….
Тагот кој ја означува револуциајта е: #pmot

Револуционерни тагови имаше и во Македонија. Добро, не успеаа да излезат во локалните мејснтрим медиуми, како што беше ова со МВР, нити пак надвор од локалниве, но сепак чинам поставија некоја подлога за нешто понатаму. Да наведам некој таков таг: #плоштад09, #саат итн.
Што е пак сега тагот важен?
Тагот овозможува централизирање на дискусијата. Тагот овозможува соеднување на сите пораки на едно место. Тагот за засилува пораката. Тагот овозможува поголема достапност на содржината. Тагот овозможува лесна ре-дистибуција и пребарување на содржината.
Кога содржината која претходи на тагот е проактивна и повикува, јасно е дека со сета оваа моќ, тагот не е за потценување. Ако на ова се додаде и моќта на мобилната комуникација, резултатите се видливи низ улиците на Кишинау и доправа ќе бидат видливи низ светот.
Секако, обиди за спречување на ваков развој на настаните се можни. Веќе се користат техники за блокирање на сигналот на мобилните телефони, се дискутира за укинување на интернет конекции, но дали е ова демократски?
Дали новите медиуми и новите екстремно динамични и моќни канали на комуникација ја прошируваат или ќе предизвикаат стеснување на дефиницијата на слобода и демократија? Дали воопшто се подобни за ширење на револиции? Или поточно за кој дел од револуциите и општествените активности се подобни?
Локално, пред нас е уште еден настан за кој добив покана на Facebook. И? Се променува нешто? На подобро иде или на полошо?
Одговори на дел од прашањата има на следниве линкови, задолжително за читање (да не линкам на поише места низ постов еве ги на крај)
Moldova’s Twitter Revolution, More analysis of Twitter’s role in Moldova, Inside Moldova’s Twitter Revolution
Photo by Aurelian Săndulescu
Мислам дека му се дава преголемо значење на твитер во овој случај. Ако погледнеме подлабоко ќе видиме дека мобилните телефони се тие што помогнале при оргзнизацијата на протестот, иако твитер бил користен како комуникациски канал.
При една презентација што ја имавме со Сеад ( http://blip.tv/file/1289925 ) аргументиравме дека новите медиуми или поточно страниците за социјално вмрежување не можат да создадат активизам, туку напротив го пасивизираат активизмот. За ова бевме остро нападнати со примери за тоа како некаде се организирале протести преку фејсбук.
Јас не ја оспорувам моќта на страниците за социјално вмрежување да се искористат како комуникациски канал, јас само го оспорувам нивниот капацитет да создатат политички активизам кој изворно ќе доаѓа од таму. За сите овие примери со Египет, со Молдавија итн. веќе во јавноста во физичкиот свет постоела критична маса за организирање на овие протести. Протестите би се случиле и без фејсбук или твитер.
Втора работа е што западните медиуми преку објавување вести за тоа како твитер помага за организирање на протести всушност го поддржуваа самиот протест. Иако твитер беше во насловите на тесктот, текстовите повеќе се задржуваа на тоа што се случило и зошто дошло до протестите.
Апсолутно се сложувам. Постот го пишав провактивен и едностран со цел 🙂
Очигледно е дека западните медиуми, индивидуалци и (можеби) молдавски гастрабајтери го кренаа ова на соодветново ниво. Но сепак, и тоа претставува еден факт. Се сеќаваш на постот на Сеад за Тамара (http://komunikacii.net/2008/08/19/urushadze/) Се е тоа дел од пропагнадната војна која е составен дел од револуциајта.
Evgeny Morozov во својот втор пост на темава (More analysis of Twitter’s role in Moldova) и преку примери го потврдува ова што го зборуваш.
Одличен коментар на Баждарџијата, кој отвара многу прашања:
Дали се користи популарноста на социјалните медиуми за да се популизираат одредени настани со тоа што ќе се спомене социјалниот медиуми како двигател на истиот?
Дали се случува тоа свесно?
Дали ова е нова стратегија?
Кој кого користи?
Hi! goGEComx