Коронавирус преглед број 34345… т.е. 791, не, грешка… 7-ми преглед од првото спомнување на вирусот во него. Ги изгубивме деновите, што да се прави. Ама, петок не се заборава и #ПрегледВоПеток мора да има. Одиме!
Кризата не е време маркетинг агенциите да бидат оддалечени од своите клиенти
Кризата ни покажа колку потешко ќе ја пребродувавме изолацијата без интернет, па намалувањето на буџетот за онлајн активности и не е така паметна одлука.
Од почетокот на кризата, многу брендови ги стопираа маркетинг активностите, меѓу кои е и големата Кока Кола. Во време кога не знаеме што ни носи иднината, тоа е повеќе од разбирливо. Сепак, сега е време маркетинг агенциите да им покажат на клиентите дека се со нив, бидејќи тоа ќе биде првата работа на која ќе се сетат клиентите откако работите ќе почнат да се враќаат во нормала.
DotMetrics (сервис за следење на посетеност на вебсајтови) ни потврди дека во моментов има зголемена побарувачка на интернет содржина (регионалните портали имаат 50% повеќе посетеност во однос на минатата година), што само ни покажува дека има доволно простор за да ја пренесеме нашата порака. Се разбира дека тие не треба да бидат од проджен карактер, туку пораки кои ќе покажат дека сте со нив.
YouTube подготвува конкуренција на TikTok
YouTube сака директно да се натпреварува со апликацијата за кратки содржини, креирани од корисник, објавувајќи своја верзија наречена Shorts. Shorts ќе им овозможи на корисниците да прават кратки видеа, слично како TikTok, користејќи ја лиценцираната музика што ја има YouTube Music во својот каталог.
Доколку погледнете извештај за Mobile usage ќе ви биде јасно зошто YouTube сака дел од колачот. TikTok забележа раст од над 125 проценти во последните две години. Апликацијата има стотици милиони корисници и во моментов е дефинитивно најактуелна. Во последната година TikTok има приближно 842 милиони преземања по првт пат од продавниците за апликации на Apple и Google, што е зголемување од 15 проценти за една година.
Ова не е прв пат YouTube да развие своја верзија на популарна опција на друга социјална платформа (Instagram Stories). Со оглед на неговата огромна корисничка база (повеќе од 2 милијарди месечни активни корисници), правењето верзија на TikTok не е за изненадување.
И музичката индустрија во криза
По којзнае кој пат музичката индустрија изминативе декада-две повторно не е баш во поволна позиција. Овој пат, се разбира, погодена од глобалната пандемија. Ако само го земеме предвид фактот дека најголемиот дел од заработката ова индустрија ја прави преку концерти и настапи во живо, тогаш нема никакво изненадување од овој податок.
Згора на ова статистиките кои покажуваат дека и бројот на слушања на подкасти периодов откако поголемиот дел од светот си седи дома бележи пад. Што кога ќе размисли човек не е и тоа некое изненадување ако знаеме дека подкаситите се слушаат доминантно при т.н. commute односно транспорт на дневна основа.
Славните фаци во криза
Уште една криза исплива на површина благодарејќи на оваа криза. Коронавирусот толку многу простор зазема во нашето секојдневие што не остави ни малку простор за славните фаци и нивните тотално излишни дневни глупирања. Па нормално кога немаш доволно внимание на себе, а тоа е нешто на што ти се базира постоењето… имаш проблем и влегуваш во криза и: The coronavirus crisis has exposed the ugly truth about celebrity culture and capitalism
Instagram и Netflix во обидат да го зачуваат менталното здравје на младите
Најава на ново партнерство, интересно, неочекувано, би рекол. Темата е важна, потребна, особено периодов. Серијалот ќе се вика: Wanna Talk About It и ќе ги вклучи дел од најпопуларните ѕвезди кај таргетираната популација. Партнерството има логика ако се земе предвид 65% од корисниците на Instagram се млади под 35 години а Netflix е најпопуларен видео канал помеѓу тинејџерите, дури подобар и од YouTube, според една скорешна студија.
Google News во Франција ќе им плаќа на медиумите
Битката на Google News со оригиналните креатори на вестите се одвива од самиот почеток на овој сервис. Со некои позначајни победи и порази Goolge успева да се одржи во поволна позиција. Но по се изгледа после овој „пораз” во Франција за очекување е негативен тренд.
Бонус линкови
- 27 Best Movies & Documentaries for Creatives – PIXELSURPLUS
- How the influencer marketing industry is adapting to coronavirus – eConsultancy
- Design in the time od Covid-19 – Webdesignerdepot
- How Google fights disinformation – Google
- Google Chrome gets media controls – SocialMediaToday
- Facebook Introduces New Video Publishing & Discovery Features – SEJ
Толку. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.