Дали вашиот стартап е спремен да заблеска?

Spark.me ја продолжува традицијата да ја поддржува и развива стартап културата во регионот. Нивниот натпревар се фокусира на иновација, моќта на идејата и потенцијалот за раст и развој на самата стратап компанија.

Најголемата мотивација за учество е секако главната награда а тоа е можност за презентација на TechCrunch Disrupt SF Startup Alley кој ќе се одржи во Сан Франциски во септември оваа година.

Минатогодишните победници: TruckTrack.co
Минатогодишните победници: TruckTrack.co со John Biggs (TechCrunch)

Минатата година во финалето влезе и македонскиот стартап SocialSpot, кои особено беа задоволни од целокупното искуство и покрај тоа што не ја освоија главната награда. Оваа година посакуваме да има повеќе пријавени компании од Македонија и повеќе од нив да дојдат на самата конференција која има одлична програма.

Аплицирањето е до 31 Мај, настанот е закажан за 19 и 20 јуни во Будва, Црна Гора а деталите за условите за пријавување може да се погледнат на официјалната страница: Spark.me for Startups

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.