
Веќе некое време не чувствувам потреба да носам фото апарат кога одам на концерт или некој друг настан. Не чувствувам потреба зошто знам дека нема да имам мотивација или услови да направам некоја квалитетна фотографија но најмногу од се не носам зошто знам дека наместо да уживам во настанот јас ќе уживам во создавањето на материјал кој подоцна ќе можам полесно да го споделам.
И нормално цело време размислуваме на тоа, дури и пред да појдеме, си мислиме како и со кого ќе го споделиме моменталното искуство. Понекогаш ми се чини дека ако не споделиш со некој кој не е таму исто (демек) како да не си бил/уживал.

На следиот голем настан, концерт или слично погледнете наоколу колку од луѓето се со своите (високо кренати) телефони во рака. Помислете си дали и тие не го следат настанот што се случува пред нив низ малите екрани со луда резолуција и невидени милиони бои?
Благодарение на Новица, еве едно кратко но слатко видео од TED кое се однесува токму на овој феномен.
Доколку те бендиса видеово, појди на Кајмакот и кликни еден глас.
Јас се обидувам да си ја зачувам способноста на мојов мозок да памти искуства, визуелни аудио и сл. Фотографии и аудио записи ќе гледам подоцна, да не велам дека не треба да се забележува ништо, ама сепак, не треба да заборавиме дека личното доживување е прво за себе после за другите.
Дигиталните технологии и обезличувањето на искуството: http://novica.softver.org.mk/node/222
🙂
Супер содржина и порака…и супер блог.
Камо среќа повеќево Македонци да се интересираа за вакви содржини отколку за најновото што и се десило на Лохан или Каролина.
But…како и да е продолжете со супер содржините 🙂
Pingback: Bloggers Network Добро. А зошто споделуваме? - Bloggers Network
Pingback: #споделидобрина – Добро. А зошто споделуваме? | Saopštenja za javnost