Ги изгубив некаде низ кибер просторов изворот на оваа констатација но, сепак што е тука е. Главната констатација беше дека на интернет опаѓа бројот на содржини за кои треба да се претплатите, а тоа значи дека расте бројот на реклами на овој медиум. За овој податок може да се уверите на било кој онлајн весник или истражувачка фирма, вакви извештаи врие по интернетов.
Еден конкретен чекор кој го докажува горенаведеново е примерот на ABC кој го посочува Goodbytes.
ABC најави минатиот месец дека планира да понуди верзии од своите шоуа на нивниот Internet сајт, со тоа што, наместо да наплаќа за нивно гледање, сериите ќе имаат вметнати реклами. …повеќе
Значи и ние неврзаните наскоро ќе видиме повеќе ќелепур од овие глобални трендови, а после некоја година (се надеваме дека) овој бран ќе дојде и кај нас 🙂