Убаво е чувството кога ќе си фатиш рутина. Се враќаме во програма со уште еден преглед во петок.
1. Нови мерки на Facebook за спречување на штетна содржина
Пред два дена Facebook најави дека ќе воведе нови правила и алатки дизајнирани со цел да спречат ширење дезинформации и штетна содржина на платформата. Јасно е дека нема во целост да можат да го спречат ширењето на злонамерна содржина на Facebook. Но овие чекори се значајни, можеби и најзначајните за Facebook до сега.
Пенали за Facebook групи што шират дезинформации
Facebook постојано детектира најразлични типови на штетна содржина, а се објавува во групи, уште пред некој да ја пријави, без разлика дали станува збор за објава во јавна, затворена или тајна група. Како додаток на ова, со новите регулации Facebook ќе имплементира пенали за групи што шират дезинформации, дури и во случај да не ги нарушува стандардите.
Нов фактор “Click-Gap” во News Feed
Со цел подобро одредување на содржината што се споделува на платформата, Facebook најави нов фактор во News Feed наречен Click-Gap. Click-Gap ќе ги лови сите извори на информации што навидум личат на веродостојни, а не потекнуваат од такви. Ова можат да бидат лоши вести за fringe сајтови што ја оптимизираат својата содржина да стане вирална на Facebook. Имплементацијата на Click-Gap може да има значајно влијание, особено затоа што е вграден во самиот алгоритам.
Верификување факти, досег на Instagram и верификација на Messenger
За верификување на факти Марки побара помош од Владата на САД. Facebook не треба да биде единствениот арбитер за тоа што е факт, а што не. Во однос на Instagram, Facebook почна да воведува рестрикција во досегот на потенцијално штетна содржина со цел поголема контрола врз она што се споделува таму. И во однос на Messenger, Facebook ќе воведе нови verification badges со цел да се спречи креирање лажни профили.
Останува да видиме како ќе се одразат сите овие промени на Facebook.
2. YouTube работи на Choose-Your-Own-Adventure програми
YouTube работи на нов storytelling формат што би можело да резултира во зголемен број на гледачи и продажба на реклами. Susanne Daniels, која е главна на одделот за оригинално програмирање на YouTube, вели дека имаат нови алатки и можности за креирање и раскажување на интерактивни приказни. YouTube веќе има експериментирано со интерактивни реклами. Но интерактивно прокрамирање – со повеќе опции за одвивање на една приказна – бара многу поголема инвестиција. Како дел од новата стратегија, YouTube го реструктурира целиот оддел за програмирање.
3. Нов дизајн на Firefox Mobile за леваци
Мобилната верзија на Firefox е првиот браузер што имплементираше опција за сурфање за леваци. Оваа опција се наоѓа во листата на преференци и им овозможува на корисниците да го подесат браузерот така што елементите на десно доаѓаат на лево и обратно. Текстот останува порамнет и сликите не се менуваат. Со репозиционирање на елементите деловите што можат да се кликнат стануваат полесно достапни. Се тоа супер, ама најголемите грижи се јавуваат во однос на тоа како останатите браузери ќе изберат да го интерпретираат она што е препорачано – а нема формална препорака или guidelines, па така можеме да очекуваме многу различни интерпретации. Дизајнерите и девелоперите треба да работат заедно за да се осигураат дека се подготвени за оваа промена.
4. DeviantArt доби нов дизајн
DeviantArt, дом на најголемата заедница за уметност на светот, полека почна да ја воведува Eclipse платформата во бета тест. Оваа недела платформата беше пуштена на поголема група на корисници. DeviantArt постои скоро 20 години, а Eclipse апдејтот има за цел да му даде модерен и естетски мејковер. Нема веќе нијанзи на маслинесто зелена што го карактеризираа сајтот со години. Наместо тоа, сега DeviantArt има темен и sleek дизајн. Како дел од оваа заедница повеќе од 10 години можам да кажам дека редизајнот беше долго очекуван и изгледа бонбона.
5. KFC креираше “виртуелен инфлуенсер” Colonel Sanders
Сите знаеме дека инфлуенсерите можат да бидат проблематични. Да, имаат голема база на фанови и знаат да направат јака фотка за Instagram, ама исто така знаат и да прават грешки кои ги загрижуваат нивните спонзори. Токму поради тоа некои компании размислуваат за виртуелни инфлуенсери бидејќи така ќе бидат сигурни дека брендот кој го застапуваат ќе биде заштитен. KFC реши да се вклучи во акцијата со креирање на фиктивен фешниста со духот на единствениот Coloner Sanders. Тој го презема Instagram профилот на KFC и го покажа својот стил на живеење, кажа многу инспиративни работи и едноставно уживаше во придобивките на виртуелен инфлуенсер. Дури има и медиа кит. Какви креативни легенди.
Бонус линкови

Завршивме и со денешниот преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.
Се читаме во следниот преглед во петок. 😉