Quo vadis МРТВ?

Нема ништо да коментирам, мрчам, иронизирам, дрндам, солам, трујам, звоцкам, распливнувам, само ќе се обидам телеграфски да ја џитнам темава у блогосферава:

Програмскиот колегиум на Македонската телевизија заседаваше вчера заедно со в.д. уредникот на првиот сервис на МТВ, Татјана Стојчевска, откако извршниот директор Борис Ставров пред неколку дена потпиша договор за емитување на серијата „К-15“ на националниот јавен сервис и најави уште неколку приватни проекти…

Ова е реакцијата на Програмскиот колегиум на Македонската телевизија: „Колегиумот на Македонската телевизија треба да одлучува каква ќе биде програмата на јавниот сервис, а не извршниот директор Борис Ставров или советникот Сајовиц. Тие не треба да прават упади во програмската шема без да имаат мислење од Програмскиот колегиум на првиот сервис на Македонската телевизија и не можат да набавуваат филмови и серии. Македонската телевизија не смее да дозволи и понатаму да биде профитерска куќа за одредена група луѓе, ниту пак во јавниот сервис да се создава база за да по еден или два месеца да се прогласува технолошки вишок“…Програмскиот колегиум вчера соопшти дека дал начелна согласност за договорот со „К-15“, но немале увид во финансискиот дел од договорот. Затоа изразуваат сомневање во финансиската оправданост на договорот и тоа во време кога Македонската радио-телевизија нема елементарни услови за работа.

Не, сепак не можам да додржам и ќе коментирам 🙂 Изгледа дека некој во јавниот сервис повторно се загрижил за програмската шема по некоја волшебна коинциденција тогаш кога не се разбрале добро околу парите. Патетика. Кој знае кај ќе беа сега Словенците, Хрватите и Босанците вака да си ја чуваа програмската шема на јавниот сервис. A на нашата државна сателитска докумeнтарец од 1975 за Свирипичино, а потоа студиски концерт на Калиопи од 1983 (must see TV :).

Во сосема неврзана вест следниот линк:

Експертите предупредуваат за исчезнување на ретките видови говеда

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

4 Comments Quo vadis МРТВ?

  1. Струмјан 12/04/2007 at 14:06

    Ај да се јавам, не оти морам туку оти ме засега.

    Реагира и Раководството на МРТ, а морам да предложам да го погледнете и видеото од потпишувањето на договорот каде истата таа Татјана потпишува.

    Не фаќам страна, ама преку белава глава ми е од муабетите како некои вработени во МРТ знаат сé и знаат како.

    Па зошто МРТ пропаѓа ако знаевте како?

  2. sead93 12/04/2007 at 14:27

    Фала за коментарот и дополнителните линкови :)Целосната приказна за МРТВ е голема тема и апсолутно не трпи симплификации од никаков тип, па дијалогот на таа тема е добродојден и на блогов и во јавноста, секако. Овде ете за посочување беше даден пример (од аспект на гледач, поединец-јавност) како квалитетот на програмата пропаѓа (или останува недозволиво низок) заради некои дрн-дрн процедурално-персонални-бирократски-whatever причини. Секако сервисот си има процедури на одлучување (ок дел), но самата аргументација (начелна согласност-па немање увид во финансискиот дел-па повикување на програмската шема-па дописи, па ти си буљаш, е не ти си поголем буљаш и сл.) е per se контрадикторна и на обичниот гледач му влева дополнителен песимизам дека нешто таму воопшто, кога било, ќе се подобри. Мислам дека е важна и компонентата дека ако етаблиран бренд каков што е „К-15“ (не дека тој ќе ја препороди МТВ, но ете симболички земено)вака се третира, тогаш другите можни содржински промени, иновации, подобрувања и осовременувања кој знае како ќе поминат. МТВ треба да мисли на тоа како да го привлече креативнито домашен потенцијал во сите програмски сфери.

  3. sead93 13/04/2007 at 10:33

    Follow up: „В.д. уредничката на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија и Колегиумот се премислија и го повлекоа записникот што го доставија завчера до јавноста со кое ги обвинија извршниот директор и консултантот на ОБСЕ дека прават упад во програмската шема затоа што тоа не било во доменот на нивните надлежности.Иако в.д. уредничката Татјана Стојчевска и Колегиумот остро се спротивставија на новините во програмската шема на МТВ, според кои ќе се прикажуваат емисии од приватни продукции, тие вчера експресно одлучија дека нивните реакции и забелешки во однос на работата на директорот не важат и дека критиките биле избрзани.“
    http://www.utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=A97A2752

    Остин Поуерс би рекол: „Exsquize me, I bag you a powder“. Но добро, рка на срце, грешката е исправена, па доблезно е и тоа да се истакне 🙂

  4. Струмјан 13/04/2007 at 17:47

    …затоа и ти пратив линк од видеото, па тие потпишаа доброволно.

    Со пишман аџии во посветла иднина напред!

Comments are closed.