Во последниот период се појавија и објавија неколку текстови за состојбите и актуелностите во медиумите, па покрај оној посочен од Дарко би додал уште по некој. Неделникот „Капитал“ имаат навика (или политика 🙂 „он-лајн“ изданијата да ги објавуваат со неколку недели одложување, па еден од текстовите на оваа тема е од пред некоја недела. Во него уредникот на списанието се осврнува на оваа тема, сума-сумирана во подолниот параграф, и би додал, како и обично, многу е полесно да се даде дијагноза, отколку добра или успешна терапија:
Македонскиот медиумски и рекламен пазар е во длабока криза, а гледачите и читателите во заложништво. Ерозија на идентитетот на телевизиите! Непоседување волја за креација, следствено отсуство на креативни компоненти во програмите, мал обем на сопствени програми, а ако и воопшто ги има станува збор за евтини програми кои се добро замислени, но во делот на реализација како краен производ добиваме досадни “омладински емисии како од крајот на осумдесеттите”! Станува збор за една прилично „изработена” водителска сцена, која одамна ја изгубила креацијата, а скапиот термин го добиле исклучиво поради некакви други заслуги, без сценарио и без везе. Темите нелогични, копирани по српски сценарија, крадена сценографија, нема монтажа, гостите не знаат кај се …
„Вест“ пак се осврнува на политичката сфера на комуникологијата со следниве неколку поенти, актуелзирајќи ја вечната мега-парадигма „политичари-медиуми“ како најодговорни за состојбите во медиумите и состојбата во сферата на јавното комуницирање:
Во Македонија, по(сле) 17 години учење демократија, јавноста е заморена од празни говори. Што и да се каже, тешко може да предизвика каква било реакција. Создадена е атмосфера, во која никој никому не верува. Комуниколозите тврдат дека виновни за тоа се политичарите, кои после толку години транзиција, не изградија препознатлив јазик за општење со народот. Дел од вината им ја префрлаат и на медиумите, кои посредуваат во таа комуникација.
PS: Арно и хубаво за интересот на темиве, но за жал сé уште медиумски се форсираат прилозите од типот „дрн-дрн-јариња, сите сме магариња“, без идеи за промена на состојбите, а што се однесува до темата во денешното издание на „Вест“ само еден скорешен и тазе пример, Сител ТВ, „Светла точка“ политички магазин, 12.04.2007, 22:10ч, водителката Трајковска му се обраќа на г-ин „Весели“ со една од своите петминутни гатанки, а овој да ми ти одговара: „А бе слушај..“. А бе слушај?!?! Hello?!? Мене покултурно ми се обраќаат на пазар, каде-каде.
Јас тукушто го скокнав целиот текст и го прочитав заклучокот на господинот уредник.
Ми се виде некако многу храбра и неоснована констатацијава:
Но таа, (претпоставувам) како и целиот текст да ти била само создавање простор за пласирање на финалната информација
И не почувтсвував потреба да се вртам од почеток за да видам што пишувал бидејќи јасна е улогата на овој текст.
Ова секако е добра вест.
Ми се чини нема да биде ова премногу брзо :), па веројатно ќе има уште некое вакво кокиче 🙂
Дознав, дека и покрај очигледното популарно верување, поговорката не е „дрн-дрн-јариња“, ами „дрн-дрн-јарина“.
Коментар онака. 🙂
Ref Дарко: А добар „close reading“ си му направил 🙂 Јас од прво читање мислев дека „шпекулиса“, арно ама и од други извори ми се потврдија најавиве, барем во преговарачка форма.
Ref Новица: 🙂 јазичните коментари се „појќе“ од добродојдени, белким овде „авторов“ по аналогизам со „магариња“ се понел по римата 🙂