Што може да се очекува од А1.com.mk

Од неодамна А1.com.mk воведе коментари на својата страна. Веќе има опција за споделување или како што тие ја нарекуваат, разгласување преку Кајмак.от, но што би можеле да очекуваме во иднина.

  1. A1.com.mkПокрај листите на најчитана и најгледана сторија, верувам дека во блиска иднина ќе се додаде и најкоментирана.
  2. Покрај можноста за пријава на сториите на кјамак.от може да се додаде и беџ или некакво обележје за секоја сторија која е пријавена таму и колку гласови добила
  3. Може да се воведе дополнителна навигација, со употреба на тагови, или клучни зборови.
  4. Може да се разгледа можноста во иднина да се овозможи регистрирање на корисници, и истите да коментираат континуирано со ист идентитет, како начин на подобрување на дебатата и намалување на потребата од рачно филтрирање на коментарите.
  5. Можеби може да се додаде некоја опција за текст искуцан во коментарите на латиница автоматски да се конвертира во латиница, како би им се овозможило на оние кои не користат кирилична подршка, да ги следат правилата за коментирање.
  6. Линкови до оваа вест – под секоја статија/вест да се стави листа до други сајтови или блогови кои се имаат повикано или има упатено кон соодветната вест.

Доста се 🙂 Листава е предлог на идеи, а не забелешки. Не знам колку од нив се рално лесни или тешки за имплементација на нивниот сајт. Едноставно, следејќи го развојот таму, ми се чини дека некои од овие работи и самите веќе ги планираат или ќе ги планираат. Има уште некои можни содржини ама ќе ги оставам за некоја следна прилика.

Има некој некакви други желби?

Знам дека Стеван, го чита блогов, па може ќе му бидеме од корист 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

5 Comments Што може да се очекува од А1.com.mk

  1. Anonymous 14/04/2008 at 17:03

    Листата најкоментирани вести ќе ја има до крајот на оваа недела, евентуално на почеток на следната.

    За други можности, со тек не време, во наредниве месец-два повеќе ќе се концентрираме на покривање на изборите.

  2. Jeton 14/04/2008 at 17:40

    После изборите би сакал малку да се работи на интерфејсот(UI):

    – Линковите да имаат малку посуптилна сива или друга боја. Ова дефолт што е покрива симболично целиот сајт со сино.

    – Сликите поврзани со една вест да бидат поквалитетни и посимболични. Тука на пример ( http://a1.com.mk/vesti/kategorija.aspx?KatID=1 ) подолу има две написи со иста слика на Шеќеринска.

    – Слика на денот , зошто да не ?

    – Навигацијата да биде појасна на левата страна.

    – Видео боксот (во момент има Протести на тибетантски монаси) да биде повеќе updated.

    На крај, како примери за добри и функционални онлајн сајтови и како точка за инспирациј би ги посочил:
    http://www.guardian.co.uk/ http://www.thefirstpost.co.uk/

    Иако првиот е весник, а вториот е само онлајн, сепак имаат елементи што може да служат како инспирација. 🙂

    Сега, назад на агендата. Избори '08.

  3. maestro 15/10/2008 at 15:32

    јас би сакал сајтот на а1 да не се уништува со рекламите кои стојат од десно.

    не дека се лоши, но едноставно се наместени кај ќе им текне и така се излезени како на селски панаѓур: прво слика, па видео, па пак слика и тоа сите со различен формат.

    втора работа што а1 треба да ја направи е да го редизајнира сајтот, бидејќи како ваков им седи едно 6-7 години (иако и лани направија некои мали освежувања.

    она што ме радува е фактот дека во последно време бројката на посетеност на сајтот е и над 100 000, што е за пофалба.

    поздрав!

  4. maestro 15/10/2008 at 15:35

    п.с. мислев на 100 000 дневно!

  5. ерол 27/02/2009 at 20:57

    ne znam kako no zs ne ja davate angeli na a1tv ako ja dadete povtorno ok sve a vo sprotivno

Comments are closed.