130 #ПрегледВоПеток – Heads Up, Core Web Vitals, Hejt SLOVEni

Стабилна количина на сончеви зраци во текот на неделата и одма расположението се менува. Искрено, не знам дали некогаш би се одрекол од сонце и мнооогу сончеви денови… Ама не си тука за тој муабет, тука си за #ПрегледВоПеток, и токму тоа ќе добиеш!

Главата горе! Ќе предупредува Android OS

Ако не си приметил, на добар дел од телефоните кои работат на Android веќе некое време системски има апликација, дел, кој се вика Digital Wellbeeing. Станува збор за корисна функција за која не мора да инсталираш дополнителни апликации кои непотребно трошат ресурси. Ако случајно не знаеш овој дел од оперативниот систем дава статистика за користењето на самиот телефон, кои апликации, колку време и сл. и дава опции за управување со горните граници…

Она што е ново, сега за сега во бета верзија, е нотификација која ќе те предупредува да гледаш околу себе во ситуација кога подолго време се движиш со телефонот и гледаш во него.

The Verge: “Use with caution. Heads Up doesn’t replace paying attention,” says Google despite the obviousness of such advice. Nevertheless, the feature seems necessary with distracted walking becoming increasingly dangerous.

TikTok го користат и возрасни

За секундарното користење сме свесни повеќето од нас. Да, тоа е она кога ќе ни сподели пријател, кај нас Сеад е задолжен за тоа, некој забавен, смешен или сатиричен ТикТок, ама сам/а не ја користиш апликацијата редовно. Но, TikTок редовно го користат и други, не само помладите, иако јасно е дека тие доминираат.

Во обид да докаже дека TikTок не е само за помладите, деновиве самата апликација извади статистика за начините на кои повозрасните ја користат апликацијата. Интересниот дел не е само консумирањето содржина туку креирањето содржина за повозрасни и хаштаговите кои добиваат на популарност.

Сепак, јасно им е и на нив, дека далеку се од тоа да можат ефективно да допрат до повозрасната публика, ама еј… види колку време им требаше да стасаат до тука, мојата задача е да ви најавам… за кратко време ќе „бркаме” и повозрасни на TikTok, планирај си!

Најефективни реклами за 2020

Kantar, еден од гигантите на светската агенциска сцена (ако воопшто постои такво нешто, сега си го измислив :), неодамна ја извади својата листа за најефективни реклами за изминатата година. На врвот е реклама на Haineken, ама на страна од листата, која дефинитивно вреди да се погледне, Kantar споделуваат и 5 совети извлечени од најдобрите реклами. И да не ги прочитате советите, доволно е да ги изгледате рекламите за инспирација…

Регионот во пламен…

Кога велам регионот мислам на екс Ју… се разбира, иако за нив по се изгледа сме многу далеку… барем судејќи по интервјуто на режисерот Горан Богдан кој изминативе неколку дена е во фокус заради неговата реклама направена по нарачка од босанскиот вебсајт Бука. Рекламата има за цел да испровоцира, и да ги отвори темите за онлајн говорот на омраза. Насловена Hejt SLOVEni, još ste zivi, рекламата вклучува неколку познати ликови од регионот и сценарио кое на прва воопшто не потсетува на ваков тип на спот.

Ако не си ја погледнал, еве ја овде: BUKA – Hejt SLOVEni, još ste živi? А интервјуто со креаторот тука: Redatelj spota o kojem bruji cijela regija: ‘Eksplodirao je zato što je brutalan. Ovo nitko nije očekivao‘ Да да, Северина е касиерката.

Подготви се за новинитe од Google

Google веќе некое време ги најавува промените во својот алгоритам и фокусот на т.н Core Web Vitals. Се пушуваше и експериментираше на долго и на широко на ова тема изминатиов период. Но, сега кога конечно знаеме дека промените доаѓаат во мај, не е лошо да се прегледаат работите уште еднаш и да се провери дали сме подготвени. Get ready for next month’s google shakeup

Бонус линкови

До следниот #ПрегледВоПеток 🙂

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.