Деновиве независно едни од други две вести јасно го покажаа трендот која во следните неколку години ќе биде голем предизвик за медиумската индустрија.
Имено и весниците во САД и весниците во Кина јавуваат загуба. Кај Американците загубата се однесува на првиот квартал од оваа година (NewYorkTimes) а кај Кинезите таа се однесува за 2005. година (China View)
Малку неспоредливо ама ќе надоврзам локални чаршиски муабети кои велат дека и во МК падот на тиражите (претпоставувам и заработката) е голем последниве неколку месеци. Навистина штета што тоа во МК не се работи транспарентно колку што тоа е практика во светот ама што е тука е, економиситите би рекле пазарот сето тоа ќе го изрегулира 🙂