Работен ден или неработен, сè додека е петок ИДЕМЕ ЈАКО СО #ПрегледВоПеток

После вакво загревање, го почнуваме денешниот преглед во петок.
Новости поврзани со коронавирусот
Зарем некој во оваа ситуација би се гордеел доколку профитира?
Го започнуваме денешниот преглед во петок со домашно интервју на Душан Марковиќ, маркетинг директор на “Гемак”, за IN Store. На кратко, тој вели дека сега е вистинскиот момент за висока општествена колективна свест и емпатија – не само индивидуална, туку и корпоративна. А на подолго, ѕирни го целото интервју.
Социјалните медиуми и коронавирус
Ако можеме нешто добро да извадиме од целава ситуација, тоа е дека луѓето сакаат да помогнат колку и како што можат. Истото се случува и со брендовите. Но не со сите. На некои им е тешко да се вклопат во целава ситуација.
We Are Social направија листа на најдобри практики за брендовите присутни на социјалните мрежи. Направија доста истражувања за тоа како различни заедници се однесуваат и, што е најважно, како помагаат.
Facebook ќе ги известува корисниците кои прочитале дезинформации за коронавирусот
Вчера Facebook најави уште една новост во битката против дезинформациите за коронавирусот. Тоа е порака која ќе ги таргетира корисниците кои коментирале, ставиле реакција или споделиле лажна содржина за вирусот. Пораката ќе биде од WHO и ќе има опција корисниците да ја споделат кај нив на профил.
Apple и Google здружија сили против коронавирусот
Тимот од инженери на Apple и Google здружија сили за да направат алатка за следење која ќе им овозможи на корисниците да видат дали биле во контакт со некој заболен од коронавирусот. Ова е супер и за јавните здравствени институции кои ќе можат да следат како се шири заразата и да ги информираат луѓето кои биле во контакт со заболен да се тестираат. Во меѓувреме се појави и локална апликација, и се отворија голем број дискусии на темава. Ја следиме, ќе пишеме повеќе во следна прилика.
Капетанот Tom Moore собра £16 милиони за NHS
99-годинишниот воен ветеран направи 100 круга во својата градина и собра £16 милиони за NHS. Кога го заврши предизвикот тој само рече: “Јас сум добар, се надевам и вие дека сте добри.” ЛЕ – ГЕН – ДА
Новости НЕповрзани со коронавирусот
Facebook со апликација за допишување за парови
Во време кога сите држиме растојание едни од други, време кога сите парови се во врска на далечина (освен оние кои живеат заедно), Facebook излезе со нова апликација за парови наречена Tuned.
Tuned е “приватно место за парови” каде партнерите ќе можат да ги поврзат своите акаунти на Spotify, да подесат расположение, да испраќаат слики, аудио и да си играат со стикери и реакции.
Instagram го редизајнираше IGTV и даде фокус на креаторите
Instagram направи некои промени на IGTV со надеж дека повеќе луѓе ќе ја користат оваа алатка за споделување подолги видеа. Homepage-oт е целосно редизајниран да прикажува креатори, персонализиран врз база на интересите на самиот корисник. Апликацијата исто така доби и Discover дел каде ќе им прикажува на своите корисници нова и релевантна содржина.
Брзо, лесно и бесплатно креирање видеа со YouTube Video Builder
За бизниси кои немаат ресурси да креираат видеа од нула, овој Video Builder e бесплатна алатка (сè уште во бета) што анимира статични елементи како слики, текст и логоа, со музика од самата библиотека на YouTube. Исто така корисниците ќе можат да изберат од многубројни темплејти, зависно од нивната порака и цел. Очигледно наменет за креирање на реклами за на YouTube, пред се зарди гоотвите форамти од 6 и 15 секунди. Уште една алатка копирана од Facebook, вака на прв поглед изгледа интересно, побаравме пристап, ќе чекаме да ни го одобрат.
Microsoft Edge vs. Mozilla Firefox
Имав еден период во животот кога користев исклучиво Mozilla, пред некои 10 години. После се префрлив на Chrome и тоа беше тоа. Once you go Chrome, you never go back. Нема рима, ама се разбираме.
Беше прашање на време, кога Edge ќе биде покористен пребарувач од Mozilla. Податоци од NetMarketShare откриваат дека тоа се случило минатиот месец, откако Edge се префрли на Chromium. Значи сега, Edge е вториот најкористен пребарувач со 7.59% наспроти Firefox со 7.19%.
‘Zoombombing’ е нов, застрашувачки тренд
Оваа вест иде директно од FBI. ‘Zoombombing’ е вид на сајбер напад на платформата за конференциски состаноци, Zoom. Како сè повеќе почна да се користи Zoom, така сè повеќе корисници почнаа да се жалат дека во нивните состаноци влегувале непознати корисници.
Овие корисници цртале навредувачки работи на нивниот екран, споделувале порнографија, споделувале информации за останатите корисници присутни на состанокот и се заканувале.
Од Zoom изјавија дека работат на случајот и дека почнале активно да ги едуцираат корисниците како да ги заштитат своите состаноци и да превенираат вакви ‘zoombombers’. Вие со јогата, пазете се.
А во меѓувреме за да си ги направите состаноците на zoom помалку досадни се појави опцијата да си ангажирате да си донесете коза на состанок.
Бонус линкови
- Mood Remote
- How COVID-19 Has Impacted Media Consumption, by Generation [Infographic]
- Twitter Publishes New Research on What Consumers Want to See from Brands During COVID-19
- YouTube is rolling out video chapters to help you skip to the parts that matter
- In a self-isolated world, developers are learning to make games from home
- Busch promises year of beer to 250 couples who change wedding plans
- Mark Ritson’s Covid-19 spring cleaning list
До следниот преглед во петок. 🙂