Само уште едно мало надополнување сега откако помина емисијата на Мирчевски.
Навистина сите бевме многу афирмативни и се излезе ОК, барем според повеќето од реакциите, но сепак чувствувам потреба дека треба да се каже уште едно нешто.
НЕ ТРЕБА И НЕ МОЖЕ СИТЕ ДА БИДАТ БЛОГЕРИ
Додека зборувавме испуштивме да го кажеме ова. Eдноставно не секој сака да биде блогер, или едноставно не секој може да биде. И тука апсолутнo нема ништо лошо. Да се разбереме ние се трудиме да го популаризираме овој медиум но во ниту еден момент не сме обземени со него до таа мера за да заборавиме што се се случува или може да се случува надвор од него. Напротив внатре во блог-заедница (локална или глобална) секогаш влијаат и многу настани кои се случуваат надвор од неа т.е во т.н. реален свет.
Еден мој став во овој контекст кој беше објавен тука пред неколку недели: Заземете став
Ме интересира дали ќе бидеш дел и од следното издание на „НЗС“? 🙂
Мала шала. 😉
ОК бевте ти, Вуна и Ента вчера на Ем Ти Ви.
Мислам дека на Смирчевски му остана нејасно дали он блогирање седобиваат хемороиди и дали ако фатиш женска ќе си го заебеш блогерскиот живот 🙂
Тоа за женската беше многу добро.Само не сум запознаен која беше таа девојката Верица или не знам како се викаше, од која Смичевски читаше писмо. Што имаа таа толку против блогерите?????
реакција на „одата” на ружица пејовиќ + одговор од авторката
може сега ќе ти биде појасно
Не би рекол дека си во право пошто тој буцкото рече откако блогира не излегол никаде односно добил форма на столчето или пак столчето добило форма на неговиот гз. Замисли така не излегуваш не се бањаш, усмрден и што е целта на блогерот ? А девојката што знам, прикаска за себе. Се на се без да ми замерите, според мене, не изгледавте баш нормално. И телефонските јавувања тоа го покажаа. И друго, не си ласкајте како сте некои револуционери… како што рече типот од Гостивар чинам, сите вие сте Еволуционери, т.е. работите нешто што се работело 90-тите години.
Поздрав
Добро бе Златко,
навистина ли толку не можете да разликувате намерно прикажување на стереотип кој научно е докажано дека не е точен.
Хемороиди, коцкасти задници, наочари, асоцијални типови.
Ве молам потрудете се да се вратите едно десетина години наназад и побарајте некое истражување на оваа тема и погледнете ги резултатите.
Тој буцко само критички се однесуваше кон сите стереотипи. Ако не сете успеале да го сфатите јас не можам да помогнам.
И уште нешто, повторно лошо сте сфатиле, ние не сме револуционерите, медиумот е.
Концептот на блоговите, блогосферата, социјалните/општествени медиуми, тие се револуционерите, тоа е многу повеќе од нас двајца, тројца четворица, колку и да сме.
A be vie stvarno mislite deka nesto znacite i deka nekoj ve cita zatoa sto nesto pametno pisite. A be alabaci ludzeto koga ednostavno nema sto da pravat vrtat po nesto na internet i od tamu vas vi se cini deka nekoj ve cita. Pa se sto pravite e copy paste bre idioti a vie mislite deka nesto sozdavate.
Во ред е нешто да не разбираш, но не е во ред тоа што не го разбираш (не сакаш да го разбереш) да го гаѓаш со дрва и камења како да си го разбрал па имаш негативен став кон него. 😉
Луѓето се плашат од нови работи, не сакаат да истражуваат, ОК им е само со она што им е пред нос.
дарко, мислам, разбираш за каква раја се работи.
🙂
ајмо народе, навали на блогерима!
чинговски, тој буцкото стварно шупак жив.
Па Дарко, ДА, револуција е и огромниот диск простор на mail.yahoo.com од 1ГБ што го дава yahoo така?
Јас колку што ги разбирам поимите Револуција и Еволуција, Блогот а и самите блогери се Еволуција на (споредбено )како за пример МАКЕДОН маилинг листата во кое време, прашање дали Ти беше роден, или ББС-овите кои во пошироки светски рамки меѓусебно беа поврзани и информацијата стигаше толку брзо колку што стига и сега.
Каде е разликата ?
Блогот е HTML, т.е. XML, т.е. што ти ја знам уште разно разни Евалуенти од HTML кодот базиран, онака улепшан и онака сопственост на некоја личност токму така како што нечија сопственост беа и маилинг листите или ББС-ите во времето што, признавам, не згази.
Информацијата оставена на некој од блоговите воопшто не е валидна, како што не беше валидна и на маилинг листите или ББС-ите, т.е. станува валидна откако ке ја видиме на официјална страна на некој ВАЛИДЕН МЕДИУМ, како за пример dnevnik.com.mk, news.com, utrinskivesnik.com.mk, a1.com.mk, mkrtv.com.mk и така натака.
Да не те потсеќам, сите овие ВАЛИДНИ МЕДИУМИ, кои што го плаќаат WEB просторот, потпишале договори со самиот понудувач, и не може да се кријат под туѓа капа. Овде може секој да отвори свој блог, да земе слика од Петко, да се престави во негово име и да комуницира до миле воље без да подлежи на одредени санкции доколку украде нечиј текст или објави некоја контра вест за свои лични, политички и што ти ја знам какви се други потреби.
Оставете ги настрана IP адресите, кои не се никакво мерило за доказ на идентитетот, затоа што кога се работи за proxy кое го користат 100-ци корисници, оди ти докажи кој ја напишал веста. Може да се докаже не викам не, меѓутоа, кој има време да бара игла во сено ?
И на маилинг листете или ББС-ите можеше да прикачиш видео или аудио фајл, додуша не можеше или ретко каде можеше он лајн да се види/слушне ама затоа на времето а и сега постоеа офф лајн ридери…
Друго, често пати слушаме како некој нешто кажал во свое или туѓо име, за потоа да го демантира, па би те прашал да ми објасниш колкав е процентот на ДЕМАНТИ на официјални страни а колкав на блоговите !?
Да не правиме понатаму муабет, влезен си во некој филм и ке бидеш влезен се дотогаш додека не сватиш дека си бил во голема заблуда.
Да не ме сватиш погрешно, не сум против Блоговите и блогерите, напротив, да добиеш сопствена WEB страна без пари, без многу труд, без никакво информатичко познавање или со одредено познавање на дел од html kodot, навистина е предност за секој аматер, почетник или како сакаш наречи го, во глобалното село наречено интернет.
Меѓутоа, не се занесувајте дека се работи за некаква револуција (кој како сака да го разбере овој поим), напротив се работи за Еволуција како што погоре споредбено ти објаснив, не само тебе, туку и на сите останати читатели, љубители на блогови, маилинг листи, ббс-и и така натаму.
Уживајте сите, работете си го она што ви се допаѓа и не обрнувајте внимание на мојов пост ако некој во него се најде повреден. Сите вие сте му потребни на блог системот за сега да осетите малку благодет, а во перпектива или времето што следи, го официјализирате (КУПИТЕ) унапредениот блог систем.
Впрочем, доволно е што ги читате рекламите како за пример на on.net и сличните ними. Нив и ништо посебно не им треба освен вие да му ги читате рекламите од типот “ЗБОРУВАЈ СО КАРЛА ДЕЛ ПОНТЕ за толку и толку денари” и понатаму да се претплатите или купите озон картичка, иако во позадина нивната IP телефонија е многу поскапа, неквалитетна (гребе брате, на 5 минути разговор имате три минути ехо) со никакви рути, од онаа на МЕГАЛАЈН и СИТНИКНЕТ каде што јас имав прилика да користам ПРЕМИУМ РУТИ и “да зборувам со квалитет почист и од дома кога зборувам, со Карла Дел Понте, Хавиер Солана и остатокот од светот”.
На блоговиве не се преставувам од разбирливи причини, т.е. кој ке поверува дека тоа сум навистина јас ? исто како што Ружица Пејовиќ (ако е навистина она) ви укажа на сличните недостатоци на овој систем.
Поздрав до тебе, твојот пријател Јани Макрадули, Предраг Чемерикиќ, кои чинам дека полека ама сигурно стануваат најпознатите блогери во Македонија.
задњи анонимен, те глеам упатен си.
дали за тебе дејли кос или дејли диш или ребека блад не се валидни медиуми?
и дали на пример, ако сите земеме платен веб простор, ко јован, ќе бидеме повалидни..
прво, блогот не е конвенционален медиум. блогот е ФОРМА. блогосферата е ФЕНОМЕНОТ за кој го дрвиме..
мислам, чоече, еве, побарај во светски рамки како иде, пошто кај нас сеуште е камено доба..
зашто луѓе зборите на памет?!
shepard,
Грешка си, млад си сеуште, кај нас не е камено доба, затоа што овој тип на комуникации го работиме од самите негови почетоци.