Со сигурност можам да ти кажам да си ги заокружиш петоците во календарот затоа што не отстапуваме од неделната доза новости во дигиталниот свет. Еве што издвоивме за овој преглед во петок.
1. Facebook новости, 3во1
Враќање на четовите во главната Facebook апликација
Facebook прави тест во кој четовите од месенџер не се отвораат во Messenger туку остануваат во главната апликација. Т.н. “Chat” опција ги нема сите функционалности како Messenger, но ќе им овозможи на корисниците да се допишуваат без да ја напуштат Facebook апликацијата. Сигурно се сеќаваш дека на почетокот четовите беа интегрирани во главната платформа. Во 2014та ги пренасочија во Messenger, принудувајќи ги корисниците да ја преземат апликацијата за да се допишуваат со нивните пријатели. Тоа за Facebook значеше нова, мулти-милионска (сега веќе билионска) платформа на корисници, но исто така беше (и сè уште е) и мета на критики и лоши ривјуа. Со новите промени во однос на приватното допишување и интегрирање на платформите за четување, Facebook се враќа на старите добри практики. Уште нема официјални информации за кога и дали воопшто би се случил овој апдејт. Штом дознаеме, ќе пишеме тука во некој следен #ПрегледВоПеток.
Facebook тестира “swipeable” News Feed
Тимот на Facebook тестира нов дизајн на News Feed во кои корисниците ќе може да свајпаат објави на нивниот фид, исто како на Stories. Facebook потврди дека експериментира со овој хибриден News Feed/Stories пристап, но е во рана фаза на развој. Facebook Stories не се нешто многу популарни. Само 300 милиони корисници ги користат дневно, што не е ни 10% од вкупната база корисници на Facebook. Ако само 300 милиони корисници користат Facebook Stories, тогаш што значи тоа за интеракциите на News Feed? Бројката опаѓа, а ако има 1.5 билиони активни корисници на дневно ниво и интеракциите на Stories растат најбрзо, без разлика што Stories користат само мал дел од корисници, тогаш тоа кажува дека проблеми се во News Feed. Корисниците губат интерес во главниот фид и бараат други опции. Вакви слични тестови правеше и Instagram ама сега за сега не видовмефинална имплементација.
Нови опции за објавување 3D слики на Facebook
Facebook најави три нови опции за 3D слики.
Прво, корисниците ќе можат да ги споделуваат 3D слики и на Facebook Stories. Исто како кога ги споделуваш на News Feed, ќе можеш да видиш кој ја видел сликата, кој реагирал и кој ти пишал. Единствената разлика е што Stories се достапни само 24 часа.
Второ, Facebook ќе овозможи опција за споделување на 3D слики од десктоп компјутер. Ова е комплициран технички процес, но за оние кои сакаат да ја користат оваа опција ќе значи сосема нов вид на визуелна комуникација.
Трето и последно, Facebook ќе додаде и поддршка за креирање 3D слики за Android. Функцијата ќе биде лимитирана поради потребата за подобри сетапи за мобилна камера, но како што корисниците ќе се префрлуваат кон понови модели на мобилни телефони, така ќе гледаме повеќе 3D објави на Facebook.
3D објавите се уште еден чекор кон следната генерација на споделување на социјалните мрежи.
2. Instagram размислува за криење на бројот на лајкови на објавите
Instagram сака твоите следбеници да се фокусираат на тоа што го споделуваш, а не колку лајкови имаш на објавите. Само тој што ја споделил објавата ќе може да види колку лајкови има. Instagram ја нема тестирано оваа опција, но истражува начини како да го намали притисокот на Instagram а криење на бројот на лајкови е еден од начините. Ако ова се случи тоа ќе биде оооогромна промена за Instagram. Не знам некој што не е на Инстаграм заради лајковите…
3. LinkedIn додаде опција за “реагирање” на објави
LinkedIn додаде четири нови реакции што корисниците можат да ги користат за интеракција со објавите на нивниот тајмлајн.

Не е тајна дека LinkedIn никогаш не реагира брзо на новите трендови. Но ова покажува дека се свесни дека треба да им понудат на своите корисници нешто што ќе ја направи платформата динамична и што ќе предизвика интеракции (повеќе споделување на објави). За LinkedIn да ги задржи постоечките корисници и да продолжи да ја зголемува базата на корисници, дури и најмалите додатоци како оваа опција може да направи разлика.
4. Што не е во ред со лендинг (целни) страниците
Лендинг страниците постојат затоа што раскажуваат приказна. Дали таа приказна е успешно раскажана зависи од многу фактори. Традиционално, највредните делови се насловот, едноставните слики, набројувањата, CTAs, илустрациите и тонот на брендот. Сите овие фактори се сметаат како рецепт за ефективна лендинг страница. Но, нема формални правила за правење на успешна лендинг страница. Па каде е проблемот, што не е во ред со лендинг страниците кога не конвертираат?
Бонус линкови
Го завршивме и овој преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.
До следниот преглед во петок. 🙂