Уште еден досаден пост од Сеад Џигал ROFL MAO

Неќни, барајќи една статија од „Шпиц“ на „Time.mk“ во која бев инволвиран како соговорник на тема „новинарска автоцензура“, налетав на следниот пост: „Во срцето на книгата – Александар Хемон од сега и во Окно“. Ништо специјално со него (се работи за пофалба на превод на македонски на колумна на Александар Хемон) , „едини“ момент беше што бев спомнат во него. Респективниот блогер овде наведува како „од колумните на Џигал (тоа сум јас :), Фемгерила, Вуна и останатите во последно време почна да ми се превртуваат цревата. Ептен сте досадни брате…ептен. Како и ќе напишете нешто интересно кога од пред компјутер не може да ви се случи нешто интересно“.

Најискрено не сум воопшто битен како персона, дури се израдував на критиката во делот на досадноста на колумните (тоа обвинувањата за тоа дека, на купче со Фемгерила и Вуна, сме биле социопати, стварно е „педерски“ (shame on you mister blogger), но е тотално ирелевантна, мислам ако мајка ти каже дека си социопат што те гледа секој ден, малку ќе се замислиш, но кога некој кој никогаш во живот не те видел ќе ти каже дека си социопат, тогаш тоа нема никаква вредност, нула). Критиката е кул во смисла што ми потврди дека сѐ е во ред со менe, оти за да им се допаѓаш на сите, треба нешто сериозно да не е во ред со тебе и да страдаш во најмала рака од „multiple personality disorder“, па ете исклучиво од принципиелна гледна точка, се решив да напишам некој ред.

Имено, станува збор за еден вид „медиумска неписменост“, која може често да се најде дури и кај оние кои претендираат на високо-образовно-уметничко-книжевни и whatever слоеви во ова општество. Значи ништо лично, само еден поглед како и во времето на интернетот се пробиваат игнорантноста и спомнатата медиумска неписменост.

1. Го знам чувството „превртување на црева од читање“.

Oh yes sir, I know it…Од Михајло Лалиќ, преку Ќопиќ, Николетина Бурсач и другите ѕвезди на соцреалистичката литература која морав да ја читам во своите најбубуљичасти тинејџерски денови. But wait, овде се работи за лектири кои „морав да ги читам“, оти ако не читав, следеше една долга и болна каузална низа на казнено-поправни мери (кец или двојче > grounding > јок-џепарац > нема летување, и.т.д, и.т.н..). Денес на интернет, брату, никој не те тера или гони да читаш ништо со сила. Сам си кликаш, сам си бараш, читаш што сакаш, сам си го менаџираш своето читателско искуство и пракса, нема казни, нема некаква повратна одговорност, па на крај од твојот сурферски ден демек одиш нешто полагаш тест и одговараш на прашања? Нема ништо такво. Да одиш на интернет и да читаш нешто, па да ти се „превртуваат цревата“ треба да си кибер-мазохист, што бара работи кои те мачат или тормозат. Кој те тера да читаш нешто, ако сакаш читај, ако не сакаш не читај, whatever.

2. Internet is all free dude

Покрај фактот дека секој си е сам ковач на својата сурферска судбина, втор многу важен момент е дека на интернет речиси сѐ (фала Гугл) ти е бесплатно (вклучително моите колумни). Значи, во ред е јавна критика од типот „овој автор во списанието Теа модерна што го купив е тотално тапа…ми е жал што дадов пари за овој број, дрн-дрн…“. Ова секако не е случај со интернет културата денес, бираш што сакаш и бонус момент, за тоа ништо не плаќаш. Да седнеш и да анализираш или критикуваш интернет достапни содржини дека се досадни, е како да влезеш во топ супермаркет во кој има сѐ што можеш да си замислиш и во кој сѐ е бесплатно, и наместо да си „грабаш“ тоа што сакаш, ти седнуваш пред купче работи што не ги сакаш лично и нешто дрвиш, ја овака-ја онака. Тотално ирационално.

3. Ретроинтелектуална антиинтелектуална позиција на критика:

Има една културолошка одлика на нашата цивилизација, а тоа е со стари поими или концепти да опишуваш нови. На пример, денес ќе кажеш „сврти ми на мобилен“, по аналогија на старите телефони со кружно бирање (ми се будат тука фрустрациите од пријателите со повеќе нули во домашните броеви), иако мобилен со кружно бирање „немит“. Така и во културата е широко распространет моделот со стари концепти да се споредуват или опишуваат тековните појави или феномени. Во овој гореспомнат случај се работи за ретроинтелектуална позиција на критика (надредување на вредноста на книжевноста на интернет во однос на други содржини), комбинирана со еден вид рамбо-амадеусовски анти-интелектуализам (који гони све по списку у три лепе, и сл., доста присутен во домашната блогосфера, но кој е далеку од нешто автентично). Содржините на интернет со својата разновидност и разноликост не подлежат на униформен критички метод, за секој тип интернет содржина треба да се бара посебен проверен и издржан метод за критика. Овде имаш книжевно-уметнички код и дискурс применет од книжевно-уметнички на општествено-културлошки тип. Покрај несоодветноста на споредбата има и дополнителен момент, глобално утврдени и признаени содржини ги споредуваш со локално кодирани интернет содржини кои не претендираат на вреднување и сместување во таков контекст.

Поедноставено кажано, тоа би било како некое чиченце од Градски да седи да изгледа цел натпревар Работнички-Шкендија и после мечот да ораторствува на следен начин: „Тапа е ова фудбалот, досадно, досадно, … ја ова следам НБА лига, тоа таму дечките растураат“. Значи непотребна двојна деконтекстуализација, „меша спорт“, и „меша локално и интернационално“.

4. Интернет компетитивноста и опинионмејкерството

Сума сумарум, се работи за еден вид реакција која произлегува од универзалната човечка особеност да се споредува со другите, да се обидува да биде подобар од нив, да се наметне во општеството како креатор на јавно мислење. Ова е можеби најважниот момент во вакви случаи. Како и во општествено-политичката матрица, човекот е дотолку подобар доколку неговиот конкурент е полош, па сосема е „логично“ опонентот да го плукаш. Но, проблемот овде е што и тој модел на интернет е неприменлив. Не може да се наметне опинионмејкерство преку таков децентрализиран систем каков што е интернетот. Во таква понуда на содржини, само самите сурфери во еден вид индивидуално кумулативно искуство можат постапно и индуктивно сами да си ги создадат своите опинионмејкери.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

15 Comments Уште еден досаден пост од Сеад Џигал ROFL MAO

  1. ribaro 20/04/2009 at 10:17

    Колку оксиморонски и вистинито делуваат последните две реченици. Дури и поразително демотивирачки, или виртуел-онанистички би рекол 🙂

  2. sead93 20/04/2009 at 13:21

    Да, да, добра фомулација, вака кондензирана 🙂 Тој парадокс на интернетот и популарната култура е многу многу важна работа, фала ти што го нагласи со својот коментар.

  3. Anonymous 21/04/2009 at 00:02

    Сеаде…сеаде…не е ваљда дека толку многу те погодив со една таква изјава. Па намерата ми беше да го пофалам текстот од Хемон а другото беше во втор план.Ако преводот на Хемон е твое дело… еве ти една петка… ДА ПУКНЕ. Може да ти пратам преводи на негови текстови првично објавени во ЊуЈоркер.

    Ајде ако имам време(а се помалку имам да му се невиди) ќе склепам нешто како одговор.

    Инаку немам ништо против тебе лично или било кој друг(уште помалку затоа што ни лично не Ве познавам)…далеку од тоа…само си кажав дека колумните, во последно време Ви се досадни…сигурно смеам да си кажам…или не смеам…што викаш???

    А рибарчево во коментари…само како зајче рипа…требал да биде зец а не рибар… и се приклонува те таму те ваму…осудува…одобрува…поентира…празнотија … невидена.

    Биди ми поздравен

    П.С Мора вака малку да ја разбуркаме комуникацијата инаку ми заспавте и на црна овца и во окно и сегде од кај што никнуете.

    П.П.С

    Сопругата ме прашува што пишуваш во 12 на полноќ.

    И велам на Сеад Џигал му пишувам коментар.

    Поздрави го …ми вика… мој колега е од филолошки…супер дечко.

    Еве поздрав еден Џигал и од мене и од мојата поубава половина.

    А тоа дали текстот твој ми се допаѓа или не можам да го оценам субјективно, откако ќе го прочитам…и ако не те читам тебе и уште неколку како тебе…не верувам дека ќе најдам било што друго да читам на македонска кирилица.

  4. sead93 21/04/2009 at 03:17

    Фала ти за коментарот, стварно ме израдува критиката, баш до збор како што напишав погоре, и таман работа да не може да се критиква, сѐ е тоа во ред. Нема да ми веруваш јас сум еден од оние „блесави“ кого критиката го прави подобар, мислам дека тоа е супер начин друг да ти открие други важни аспекти за работите во светов, затоа сме општество. Да пишеше тоа и тоа е досадно, вака и вака, ќе си прочитав и ќе си премолчев, веројатно поучен од добра критика и ќе влијаеше на мене. Реагирав само затоа што критиката е непоткрпенеа со толкување/објаснување зошто се досадни а ние „неизживеани“ (така сфатив, може грешам), и оти сме ставени сите на купче, иако сме нормално прилично различни сите 3. Јас пак тебе те протолкував како дел од оние групи што „готовански“ мрчат на секој што се обидува да твори нешто од полза, не за себе, туку за разноликоста и богатството на мислења и културата во МК. Значи и мојот коментар е да те повика да напишеш еден супер добар и долг пост, да си пишеш како што сѐ не ни чини во нашиве писанија а јас ветувам кафе како благодарност за таква критика 🙂 Срдечен поздрав до тебе и сопругата, секое добро.

  5. ribaro 21/04/2009 at 09:03

    Мече, многу ми е жал што си се пронашол во мојот коментар во негативна конотација, кој искрено нема никаква врска со тебе. Постот на Сеад, иако е инспириран од тебе, опфаќа една широка анализа на поимањето на интернет културата како нов феномен кој допрва се дефинира, но тоа е широка тема.

    Околу моето „приклонување“: Ако тоа што за една тема се согласувам со тебе, а за друга со Петко, Јанко… и ако сум доволно искрен и доблесен да си го кажам својот став (афирмативен или не), ти го толкуваш тоа како рипање, ваму-таму, тогаш сум имал погрешно мислење за тебе и не очекувам извинување.

  6. sead93 21/04/2009 at 10:28

    Само два збора дека вака и јас го разбрав Рибаро, па во таков контекст и коментирав подоцна, сосема беше друг неговиот муабет од „обвиниението“ 🙂

  7. Anonymous 21/04/2009 at 11:51

    Добро Јане…сеа ќе почнеме овде преку блогов на Сеад и Даре ли да се препукуваме?

    Јас сум те разбрал како што сум те разбрал…не само од овој коментар туку од севкупното појавување на блог сценава.

    Па пар десетина сме кои подолго време сме на виртуелниов простор и сметам дека преку текстовите и коментарите кои ги оставаме горе долу имаме изградено слика едни за други по многу нешта.

    Проблемот е што критиките ги доживуваме премногу субјективно и болно…а не би требало да биде така…во суштина сите добро би се напиле во некоја кафана.

    Јане ти имаш обичај да даваш подршка или да не ја даваш по одредени текстови, и тука нема ништо лошо… но и имаш обичај понекогаш во зависност од реакцијата на заедницата(посебно од реакцијата на некои звучни имиња)и да го промениш ставот, да ја промениш положбата и гледиштето. Малку повеќе гаиш менталитет на култ кон личности. Овде сме сите еднакви и способноста не ни зависи од медиумската експонираност или општествена моќ, туку од прстите на тастатурата и мозочните вијуги.

    Кај мене на блог имаш пар случаи кога прво се согласуваш со некој мој став, а по реакцијата на останатите ставот ад хок го менуваш.

    Но Јане и во тоа нема ништо лошо, ставот по одредено прашање треба да биде под постојана еволуација и така да еволуира(е сега колку е успешна еволуцијата тоа е веќе во корелација со субјективнисте способности) … и ако тоа јас така сум го приметил ти не треба да се лутиш…туку треба да се обидеш(ако сметаш дека грешам)да ме разубедиш.

    Се извинувам на Сеад и Даре што влетав во ваква непродуктивна комуникација…ама морав.

    Тебе еве не ти се извинувам… пошто во манир на типичен Љутко …тоа не го бараш.

  8. ribaro 21/04/2009 at 12:16

    не бе мече. ти почна и ти заврши. а ќе ти одговорам на соодветно место.

  9. sead93 21/04/2009 at 12:57

    Поканата за кафе останува за сите 🙂 различноста на ставовите е супер работа, во тоа е богатството на човековиот дух, преку различноста да ги бара универзалните вредности. Само упте еднаш да реафирмирам моја лична мотивација за постот и дискусијата а тоа е чепкање по природата на самиот медиум (интернетот), како се сосздаваат содржини, што бараме, што ни се допаѓа, што не, и зошто, и како треба да се поставуваме кон содржини кои не ги следиме или не нис е допаѓаат, какво е нашето право како публика, и слично, како што и спомна Рибаро, дискусија за самата култура на интернетот. Во секој случај нека продолжи дискусијата врз вакви теми, местата и медиумите за дискусијата не се важни.

  10. Darko Buldioski 21/04/2009 at 14:13

    леее, си ги избришав оригиналниот коментар, ајде од поново.

    Може јас со ден закаснување да улетам со нова контра, па после сите у кафана 🙂 а?

    Со последниот дел од точка 1 и со цела точка 2 од постов на Сеад, не се сложувам.

    По таа логика Интернетов го промовираш да биде многу повеќе медиумско огледало отколку прозорец, а знам дека и јас и ти повеќе сме за прозорец 🙂

    Плус Интернетот како медиум веројатно има најголем капацитет да е медиумски прозорец, па греота е да не се искористи тоа.

    Да се следи критичкиот став на некоја тема е добра работа која знае многу да помогне, и сам @Сеад елаборираш подолу во постов и низ коментариве.

    Јас стојам на ставот дека, потребно е потипрање на останатите но не и прегазување.

    @мечето ушко Немам јас (а претпоставувам и Сеад) ништо против да си дебатирате тука со Рибаро 🙂 слободно.

  11. sead93 21/04/2009 at 14:59

    @Darko Buldioski : Само да потврдам, да секако, интернетот како „прозорец систем“ (не огледало), во тоа е прогресивноста, точка 2 не е стриктно мој став туку дескрипција како обично функционира, барем до сега.

  12. ха ха 21/04/2009 at 20:56

    најјак момент е „тапа се овие 3“ и после добијаш: ама не мислев на тебе. Ќе испадне дека не мислел ни на колумните, туку на логото – може тоа црвеното не му се допаѓа. Од мрчатори кои плукаат (а ни збор зошто плукаат) преку. Башка, преку со Хемон, кој и да го спомне, Мечето нуди негови есеи од Њујоркер, небаре до истиот само тој имал пристап и сите ние сме тупсони и од него разбравме кој е Хемон – ха ха ха. Од таква самобендисаност патиме, не од лоши колумнисти, кои дотичниот е приморан да ги чита изгледа, од жена му можда?

  13. Anonymous 22/04/2009 at 03:24

    Сеад, одговорот ти е супер, иако не знам како успеа една толку јалова критика, во која освен „ми се преврќаат цревата“ ама немаб аш ништо друго, уште помалку суптилно, за да испровоцира вака осмислен и исцрпен одговор, уште помалку да заслужи. Интересно е што на тоа Окно, требало да се појави одреден автор, за да некој конечно го поздрави, иако пред истиот има еден куп според мене, баш квалитетни содржини и преводи. Ама секој со својот вкус.

    СО точка 3 ама ич не ти се согласувам. Не би рекла дека Хемон е толку поквалитетен од тебе, на ниво на аналогијата која ја правиш. Напротив, си имал и порано, имаш и сега текстови на кои Хемон може да им позавиди. ОД друга страна, и тој имал хрпа бљувотини. Тоа што на некој друг му е идол, е друго дваесет и негово право, ама како што и самиот кажа, тој има избор што ќе чита. И ај што критикува, туку и нуди преводи – еми, ве просторот слободен. Ако на истиот немаме квалитетни содржини на кирилица, нека повели дотичниот, нека ги крене своите преводи, а не само да аплаудира, или плука по туѓиот труд, а овде гледам на други им замера што тоа го чинеле. ТИпична одлика на описот во точка 4.

    Биди поздравен

  14. airport transfers 21/11/2012 at 04:52

    Thomas Jefferson~ I have sworn upon the altar of God eternal hostility against every form of tyranny over the mind of man.

  15. Baju Bayi 21/11/2012 at 09:00

    Wow, awesome blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is fantastic, as well as the content!. Thanks For Your article about Уште еден досаден пост од Сеад Џигал ROFL MAO | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.