#комкаст 76 – На гости со роботот Pepper

Оваа епизода имавме уникатна можност во #комкаст да ни гостува ни помалку ни повеќе туку хуманоидниот робот Pepper. Тој беше на еден ден во Македонија благодарение на Стопанска Банка и Mastercard. Малку поразговаравме со него и ги отворивме темите за роботите во нашиот живот, замената на луѓето, вештачката интелигенција и сл. Што се случуваше откако ние се збогувавме со Pepper и како тој го помина денот  во Скопје можете да прочитате во официјалната информација за настанот.

Koj е твојот став и поглед кога се роботите и иднината во прашање?

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.