Дормео #win на Твитер

Веќе пишав за масивниот #fail на US Airways, но има и други брендови кои имаат направено огромни грешки на Твитер, па и за нив спремам пост деновиве 🙂

И кај нас има доста траги-комични моменти на Твитер, но не се толку впечатливи а и ако пишувам за нив некој сигурно ќе посака да ме линчува, зошто така се работи кај нас.

Затоа решив дека кога се работи за нашиот пазар ќе напишам само кога нешто ќе ме воодушеви и доволно инспирира да го ставам во пост. Тоа им го должам на Дормео, и решив тие да ми бидат мојата последна светла точка на нашиов пазар.

Сѐ започна со еден така малку и контроверзен твит од кој излезе супер дискусија. Иако некои твитови од оригиналната дискусија фалат, доволно е да добиете идеја од каде започна и каде продолжи. И да бидам искрена Дормео не ги ни следев на Твитер, па еве јавно признавам дека го имам Дарко на search (си го знае он тоа, дека директор ми е па го следам на секој чекор :-), па така всушност и ја следев дискусијата.

Еве од каде започна:

Dormeo Twitter

Она што следуваше ми беше апсолутен #win месецов, иако не го знам крајниот резултат:

И не е дека баш ова е најдобрата Твитер дискусија на еден бренд на Твитер, но ми се допадна заради неколку причини:

  • Леснотијата со која Дормео се вклучија во дискусијата иако првичниот твит на @Muarko всушност има сосема друга цел
  • Начинот на кој ја извадија контроверзноста на дискусијата во своја полза и ја поставија насоката во која сакаат да се движи дискусијата, иако со тоа што Дарко ги спомена им отвори простор полесно да си ја остварат целта
  • Брзината со која што ја прифатија оваа дискусија и извадија идеја и резултат од истата.

Не знам кој беше крајниот резултат од #дормеосценарио и не знам дали воопшто нешто ќе се реализира. Исто така не дискутирам дали предложената награда е соодветна, мала или голема. Дискутирам само за моето задоволство од моќта на тимот зад Дормео да се адаптира со супер брзина и да дејствува на вистинскиот начин. Можеби би додала и би одземала некои моменти, но и за тоа нема да дискутирам бидејќи сѐ што направија е сосема доволно да ме инспирираат и да напишам пост за нив.

Сме виделе и други поуспешни дискусии на Твитер, сме виделе и други брендови кои ретко потфрлаат во своето Твитер присуство, а и ние како агенција уживаме во тоа нашите клиенти да бидат успешни на Твитер и не ретко добиваме пофалби за истото.

И токму затоа ми е драго кога нешто вака ќе ме инспирира и со задоволство ќе го ставам во пост. И уште подраго ќе ми биде доколку споделите и вие во коментар дискусија на некој бренд на Твитер која ви се допаднала.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Дормео #win на Твитер

  1. Ана Георгиеска 22/04/2014 at 10:46

    Наталија, во името на Дормео тимот, ти благодарам за текстот.

    Што се однесува до „крајниот резултат“, за жал – немаме со што да се пофалиме. Навистина мислевме дека ќе пристигнат до нас фини идеи за #дормеосценарио, бевме подготвени и да ја зголемиме наградата доколку целокупната дискусија имаше некаков развој, но ете – #дормеосценарио не донесе ниту една приказна.
    А нам, токму приказните на заедницата ни се најважни. Ова, се разбира, не значи дека се откажуваме од Твитер 🙂 Напротив, таму сме за креирање на заеднички приказни.
    Се читаме со новости за #дормеосценарио,
    Ана Георгиеска,
    менаџер на Интернет маркетинг и продажба во Студио Модерна

  2. Наталија Трајчевска 22/04/2014 at 13:05

    Баш е штета што не заживеала приказната. Знаеме дека често сме мрзеливи да се приклучиме во ваков предизвик, кој сепак бара малку повеќе активност од она што до сега го гледаме како механика: RT, Reply, пиши име и презиме и слично :). Без разлика, како што и си пишав, со задоволство го поздравувам потегот и се надевам дека тоа што твитерџиите не се одѕваа нема да ве спречи да продолжите со вакви поразлични механики од секојдневните кои ги гледаме. И дека ќе гледаме многу вакви навремени, брзи и супер идеи од вас 🙂

    П.С. Некои потези можеби се наменети и за да се пишува за нив, а не за да имаат реална реализација 🙂

Comments are closed.