Трендови во огласувањето на Facebook

Facebook станува телевизија (со лајкови). Се повеќе вака ме тераат да размислувам последните трендови, статистики и практики за употреба на интернет. Но тој муабет е долг и широк со многу детали кои допрва треба да се расплетуваат. Она што на кратко сакам да го споделам како (делумна) потврда за тоа дека FB=>TV се резултатите објавени во извештајот на SocialFresh посветен на трнедовите во огласувањето на Facebook, секако за 2012 година.

Низ неколку слики (извадок од целиот извештај) еве груб пресек на состојбата:

Она што уште вреди да се издвои е:

– 55% не користат промовирани стории (Sponsored Stories)
– 85% не користат софтвер за управување со рекламите
– 70% не работат со агенција

Интересни бројки кои секако, малку попрецизно ја отсликуваат сликата која горе-долу ја знаеме. Целиот извештај може да си го симнеш на: The 2012 Facebook Ads Report

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.