Во последниве неколку недели ми тргна комуникацијата со Њу Момент, и се на подобро оди :). Изгледа работиве полека но сигурно се размрдуваат. Њу Момент спровеле истражување на територија на град Скопје на тема Интернет трговија. Утре ќе ги презентираат резултатите па ме поканија и мене да дадам некој паметен коментар врз основа на заклучоците до кои дошле.
Презентацијата е отворена а ќе се случува утре во 11.00 часот во Клуб на новинари. Ми ги пратија резултатите ама и ме замолија да не ги објавувам бројките до утрешниот настан. 🙂
Сепак успеав да добијам дозвола како мала провокација да објавам само една „пита”. Утре, сите ќе бидат достапни токму тука на Комуникации.нет. Епа, еве ја „питата” за која се решив:
Повеќе детали ќе има утре на настан или тука на блог некаде по 13 часот.
Сами си ги објавиле резултатите: http://www.slideshare.net/newmoment/ss-3803689 и ако ова го промовираат утре на прес, ќе биде смешно:)))
Не знам кој им ја нарачал анкетата, бидејќи за да спроведеш анкета треба најнапред да се информираш што прашуваш и кои одговори ги нудиш, што не е случај со нивната анкета. Кога видов во слајд 20 кои се интернет продавниците во Македонија кои им ги понудиле на анкетираните лица, се ми стана јасно:)))) Од една страна се поставуваат прашања за користење на платежна картичка при онлајн купување, од друга страна pazar3, topshop, megastore, kupilaptop:))) Ниедна од овие веб страни не е онлајн продавница! Кога некој ќе купи нешто од овие веб страни користејќи онлајн плаќање, нека свика прес.:)))
@Biljana Ни ги проваливте резултатите:) Сега ќе кликнеме "private" за да останат скриени до утре:)
Што се однесува до резултатите од слајд 20… сигурно дека не сме понудиле сугерирани одговори, уште помалку сме мислеле дека pazar3 е интернет продавница.
Тоа беше поставено во форма отворено прашање, а испитаниците имаа можност да напишат една или повеќе интернет продавници со кои се запознаени … не да заокружуваат сугерирани одговори… Методологијата ќе биде објаснета на пресот.
… а резултатите се тие што ги видовте.
Доколку сепак имате сомнеж, би можеле да ви го испратиме прашалникот на приватна адреса.
Поздрав,
New Moment
Pingback: Tweets that mention [Најава] Њу Момент: истражување за интернет трговија | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com
Мислам дека alexa.com дава поточни резултати за ситуацијата со интернет продажбата во Македонија. Скратениот преглед (само пријавени македонски сајтови) можете да го видите овде – http://alexa-mk.com
За мене е ова далеку порелеванен податок отколку нарачани анкети над 330 испитаници.
Е како бе Синиша, успеа да заклучиш дека Алекса е порелевентно? Алекса ги прашува корисниците дваесет и кусур прашања преку својот панел оние кои ја мерат сликата за МК сајтовите?
Дарко, Alexa e сервис на Amazon и во цел свет се смета за најрелевантен показател на популарност на сајтов, сигурно порелевантен од анкета со 330 испитаници.
Синиша, не ми одговори на прашањето… кој го поседува не е предмет на дискусија 🙂
Како да разберам анкета во која TC.MK за само неколку месеци постоење е најпознат сајт, попознат дури и од pazar3.mk.
Спореди го рангот на alexa и се ќе ти стане јасно – сајт со ранг 850.000 е попознат од сајт со ранг 43.000? Разликата во посетеноста е најмалку 15 пати, според сајтови кои прогнозираат (релативно точно) pagewievs и visitors според Alexa рангот.
Не знам дали имаш било какво искуство во продажба за да дебатирам понатаму, но според посетеноста на сајтовите може лесно да се заклучи што бараат посетителите/купувачите.
Не чувствувам потреба ад го бранам истражувањето, затоа што нити сум го составувал нити спроведувал. Но сепак, ако видиш убаво заклучокот на истражувањето е дека граѓаните на град Скопје не се доволно информирани и немаат доволно познавања на темава…
Па оттаму и аномалијата при која сајт како Пазар3 се појавува во една ваква листа. Види го појаснувањето на Марјан погоре…
Пазар3 воопшто не е и сајт за интерент трговија…. не можеш на него да купиш ништо.
А за тоа што бараат посетителите, воопшто не се бунам. На крајот на краиштата ова е само еден дел од резултатите од истражувањето, популарност (не посетеност). Верувам дека ако дискутираме за посетеност тогаш Алекса и ред други статистики ќе бидат далеку порелевантни од оваа… и резултатите ќе бидат различни…