Зошто блогираш?

Колку едноставно прашање а толку различни одговори. Пред некое време си зададов задача да откријам зошто македонците блогираат и кој ги чита.  Веќе подолго време се мислев да го направам тоа, но сега имам причина, и решив да го направам.

Спроведувам две анкети, едната за блог публика, односно читатели, а другата за блог мотивација. Оваа првава веќе неколку дена стои како банерче на неколку локални сајтови (балгодарност до нив), каде случајните посетители можат да кликнат и да ја пополнат. Не одев директно на блогови затоа што сакав да имам што е можно пореални резултати за тоа кој и колку од интернет корисниците во мк читаат блогови.

Втората, е наменета само за блогери. Има за цел да ја открие практиката на блогирање, мотивацијата и нивото на себеотркивање. Еве сега ја пуштам во оптек. Ќе се обидам да ги употребам сите канали за да ја испромовирам максимално, со цел да ја пополнат што е можно повеќе блогери.

Анкетата е на овој линк:

Зошто Македонците блогираат?

Помогнете ми во ширењето. Поставете го овој линк каде мислите дека е згодно за да има што е можно повеќе блогери кои ќе ја пополнат а со тоа и да се зголеми нејзината релевантност.

Благодарам.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Зошто блогираш?

  1. ribaro 22/04/2008 at 20:27

    Искрено, анкетата е многу долга и прашањата од вториот дел се досадни и како да се повторуваат.

    Моето мислење за ваков начин на проценка и оценка на мислењето (без разлика на целната група) е не ефикасен и не е реален одраз на ситуацијата, да не речам бескорисен.

    Знаете дека не ми е целта да го минирам трудот, но… 🙂

  2. Darko Buldioski 23/04/2008 at 10:52

    Искрен одговор на дел од забелешкиве има на licnomoj.blog.com.mk 🙂

  3. ribaro 23/04/2008 at 16:23

    е не знаев дека и „другата у ја“ си ја активирал 🙂

Comments are closed.