CNN на македонски

Навистина ми е дури и троа непријатно да се осврнувам критички на нашиот јавен сервис (повторно), но заради јавниот интерес, проценка ми е дека барем некои нешта треба да бидат споменати и ставени под критичка лупа на добронамерната јавност.

По вестите за недостаток на основни потребштини (телефон, интернет, па и вода), секакви критики на нивна адреса малку ќе заличеа на ситење врз маките на сервисот, но кога истиот сервис ќе се избаци со некоја „генијална досетка“ тогаш емпатијата кон истиот некако одеднаш ви исчезнува.

dsc00004.JPG

Од пред некој ден во термин околу 19:10ч на првиот тв-канал на МТВ се емитуваат 15-20 минутни вести преземени од CNN, синхронизирани на македонски јазик.  Како е дојдено до оваа идеја не ми е познато, како што тепко е да се одгатне која е поентата на ваков еден потег? Ама чуму сето ова?

  • Ако е еден вид благодарност до американскиот народ за дипломатската подршка во тегобните спорови со јужнион сосед, тогаш мислам дека и не е баш некој начин да се заблагодариме, не знам дали со ова ќе ги допреме срцата на обичните Американци кому самиот CNN денес во новиот медиумски контекст и не му значи нешто особено и ја нема сиболичката функција од порано.
  • Уредувачката политика на CNN e еден од најтипичните примери за корпоративно и естаблишментско погодно менаџирање на вестите и е сигурно најкритикуван модел на презентирање на информации на глобална сцена. Ваквото асоцирање на еден јавен сервис со корпоративен медиум може само да му нанесе штети на јавниот медиум, бидејќи се работи за два модели блиски како астрономија и гастрономија.
  • Вестите се објавуваат со, какво-такво, задоцнување, и бајатоста како фактор не може да се одбегне.
  • Англискиот јазик би требало да биде разбирлив во оригинал, барем за поголемиот дел од нас, или барем за Македонија како земја на информатичари.
  • Како само се менуваат времињата и релативизираат вредностите. Барем моиве години помнат дека истата телевизија на овие простори беше речиси синоним за пропагандна машина на меѓународна сцена. Изгледа не е така повеќе.
  • Потегот е ептен ретро, како од времето на раните 80-ти години кога сателитските беа ретки, па преку снимки од странски телевизии, ни го доближуваа светот, нам кои сме оневозможени да го следиме. Па зарем денес во време на кабелски, дигитални, сателитски, брз интернет, интернет ТВ и.т.н.?

Сè на сè, блед, непотребен, дигресивен, назаден, лигав потег на нашиот сервис (впечаток) кој нема да има никакво видливо значење (ефект), туку само ја покажува дезориентираноста во однос на стратешкиот развој на јавниот сервис во Македонија.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

4 Comments CNN на македонски

  1. GoodBytes 23/04/2008 at 01:52

    Сега и пензионерот од клупата пред твојата зграда ќе може да дознае во (речиси) реално време што кажал за хипотекарните кредити демократскиот претседателски кандидат Обама, додека држел говор во селото Горно Џуманџи, задна пошта Денвер (од Династија). Па замисли сега ти колку ќе се продлабочат теориите за заговор во колегиумот кој заседава на истата клупа секој ден? 🙂

  2. sead93 23/04/2008 at 12:39

    Да имаш право 🙂 ги заборавив нашите сениори, за нив ова е супер, сега ќе можат многу што да видат, како на пример како републиканецот Меккејн на 71 година трча низ Америка со кампањата, веројатно е и тоа за нив прилично инспиративно.

  3. Kerouac Jack 06/05/2008 at 12:45

    CNN не се разбирала како телевизија на масите, работникот.. никогаш.. повеќе кон слојот кој игра во бизнисот, парите, тој дел кој се занимава човекови права низ призма на англо-саксонците.. битката за големите бизниси на тексашките нафтени магнати, технологиите и влијанието што врз нив ги имаат крупните капиталисти..

    немој да се залажуваш што претставува CNN денес.. тоа не е телевизија за класата на работниците..

    иако сум ан блок против поделби.. но, мак.општество е длабоко раслоено..

    тврда капиталистичка матрица? се прашувам што застапуваме? браниме капитал или?

    социјална држава?

    драпај си меот..

    иако приватизацијата беше неправедна, бла бла бла бла.. знаеш како ќе заврши оваа реченица..

    така.. поздрав

  4. Pingback: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И

Comments are closed.