Извадоци од фидот на само еден извор, Shaping the future of Newspapers (SND):
- Metro reports operating losses for 2008 Q1
- London Paper records £17 million in losses
- Daily Herald cuts jobs
- Media General posts first quarter loss
- Malaysia shuts down Tamil newspaper
- NY Times Co. reports revenue loss
- Canada’s largest-circulation newspaper to downsize
- Times cuts yearly losses in half
8 од последните 16 наслови 🙂
Интересно а? А не е прв пат.
Not to mention: MRTV shuts down its web site.
Според оние податоци што јас сум ги видел, од една страна постојано опаѓа тиражот и приходите од реклами на весниците, а од друга страна, постојано расте посетеноста на нивните сајтови. Меѓутоа, ова не е проследено со соодветен раст на приходите од интернет реклами.
Ова значи дека проблемот е во самата технологија на весниците (средување, печатење, дистрибуција), во суштина непроменета барем стотина години, а не во содржините што весниците им ги нудат на читателите.
Значи останува да се најде соодветен бизнис модел што ќе овозможи приходите од печатени реклами, кои постојано се намалуваат, да се заменат со приходи од интернет реклами.
Меѓутоа, ова е многу поголем проблем отколку што изгледа на прв поглед, бидејќи единствени кои досега нашле начин како од интернет да остварат солидни приходи се пребарувачите (пред се Google), додека класичното интернет рекламирање преку банери не функционира и не може да оствари задоволителни приходи.
Имаш право Стеван, воопшто не е едноставна работата. Има многу фактори, ова само ми влезе мене во око, случајно.
Не се сложувам дека проблемот е во технологијата, туку во начинот на нејзино користење односно прифаќање.
Публиката оди понапред во користењето на интернетот и има нови барања кои се прединамични за традиционалните медиа компании. Тие се троми и поставени на различни основи. Основи кои не се соодветни за освојување на интернет пазар.
Промените се тешки, а паралелно истите тие треба и да извршат промени во своите (печатени) медиуми каде нема нов тренд кој треба да го следат туку едноставно треба да пронајдат нов модел, да си ги преиспитаат основите на совето постоење и да се обидат да ги променат/адаптираат.