Македонските весници најотпорни на кризата

Насловот на постов е преземен од сторијата на Нова Македонија: Македонските весници најотпорни на кризата. Да побрзам со мојот став во врска со него ќе треба да го цитирам твитот на Сеад од вчера:

У ствари македонската економија не е во рецесија затоа што нема македонска економија, она што не постои не може да е у рецесија.

По некаква груба аналогија може да се рече нешто слично и за насловов. Но ајде со ред со мрчењево. Веќе вчера на твитер најавив дека ќе пишам пост со многу прашања поттикнати од изјавите на претставницте на фелата во текстот на НМ.Прашањата не се директно насочени кон тој што ја дал изјавата, туку генерално кон сите нас.

Фотографија: Роберт Атанасовски
Фотографија: Роберт Атанасовски

Да пресечам на кратко, текстот е генерално добар, има доста аспекти но од авион се гледа дека секој соговорник си збори за она што го мачи.

Падот на тиражите на дневните весници кај нас не е поголем од 10 отсто…

Сепак, се смета дека падот на тиражот на сите дневни весници во просек е од 5 до 10 отсто… – Стратеџик Маркетинг

Прашање: Во споредба со кој период? Кризата на весниците не е нова работа, и не се случува преку ноќ? Дали 10% е намалена продажбата, да речеме во последниве две години?

Тиражите опаѓаат последниве години кај нас. Сите весници веќе имаат и свои интернет-изданија, но проблемот е во тоа што тие изданија се бесплатни. -Роберто Беличанец

Прашање: А зошто не се обидат да ги направат со платно? Па да видат тек тогаш што ќе ги снајде.

Падот на тиражот е очигледен кај сите весници, но јас сметам дека тоа е пред сè поради сиромаштијата, а не поради онлајн-изданијата – Жане Ванкова

Случајно да не има малку врска ова со сиромаштиајта на информации кои се понудени? Не приметив дека луѓето штедат на информаци, нели стануваме информациско (не информатичко) општество. Насекаде околу гледам дека сите се повеќе зависат од информации, ама види мајката тука не влегуваат информациите кои се поместени во весниците.

Што се однесува до онлајн-изданијата, проблемот е што самите огласувачи сè уште не се расположени за таму да огласуваат. Сите весници имаат онлајн-издание, но го нудат бесплатно. – Ерол Ризаов

Види комнтар погоре. Прашање: А дали вие како издавачи сте спремни и расположени да понудете огласување онлајн? Каде ви се понудите? Колку се подготвени вашите изданија за рекалми и колку се подготвени вашите маркетинг сектори за истото?

Нашите интернет-изданија се исти како печатените, за разлика од западните весници, каде што содржината во двете изданија се разликува. Главните уредници не можат да наплатуваат за интернет-изданијата, затоа што нема механизми за наплата, а и ќе губат читатели. Ерол Ризаов

Прашање: Зошто се исти? Што сака да каже Ерол со вторава реченица??? Како се разликуват механизмите за наплата принт – онлајн? Како тоа уредниците наплаќаат?

Ај доста е мрчење, се надевам ќе се отворат прашањава далеку повеќе во иднина, иако не сум нешто голем оптимист пред се заради некои комплексни локални ситуации кои фино ги дефинира Ерол:

Сите весници работат со загуба и на нерегуларен пазар. Тие нема да згаснат бидејќи сопствениците не ги формирале за профит, туку за други цели.

Јас би сакал да видам некој настан организран на оваа тема, локално со локални актери, ама со актери кои се спремни да слушаат и да споделат и да си отидат дома (или на работа) спремни да променат некои работи. Толку од мене, ако имаш некое прашање плус, пиши, ако имаш одговор обавезно пиши 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

10 Comments Македонските весници најотпорни на кризата

  1. Egeec 22/04/2009 at 11:48

    sekoj si ja tera vodata na svojata vodenica taka i ti i onoj sead pa i onoj sorosoidot belicanec so negovata "druzina" i ovoj beskicmenjakot rizaov ali dzabe decki dzabeeeeee i vodata duri vi seknuva…….

  2. Viktor 22/04/2009 at 17:46

    Lol @Egeec /shoo

    Имаш многу прашања во текстот. Прашањата се со поента, но очекував коментари за ситуацијата. 🙂

    „се надевам ќе се отворат прашањава далеку повеќе во иднина“

    Веќе се отворени и за жал тоа што пушува во текстот на НМ се ставовите. Проблемот не се газдите на весниците и нивните цели. Проблем е публиката. Гледај ги само коментарите оставени на сајтовите на весниците. Види го и овој кретен погоре.

    Иако весниците треба да ги информираат читателите, поентата моементално е какви информации сакаат читателите. Сакаат да се расправаат, не сакаат да се информираат. Таква содржина се нуди и по весниците. Бидејќи луѓето не им веруваат на „партиските“ медиуми, тие нема да веруваат на „истражувачкото“ новинарство. Доколку постои тоа има потенцијал да го намали угледот на весникот бидејќи тој е вмроец или сдсмоец … Затоа весниците нудат таква содржина каква што публиката сака. Затоа и специјализираните, тематските магазини не функционираат, додека шпекулативните политички магазини се успешни, па и наскоро ќе има уште еден. + многу колумнисти не се тие што знаат да пишуваат, туку тие што имаат став против некој без решение.

    Слободата на говор е лоша работа во тој аспект. Кретени начекале после 50 години да можат да плукаат по други, па го искористуваат тоа.

    Но постои надеж. Тие што оставаат кретенски коментари се во просек постари, додека младата генерација ги користи комуникациските алатки за дружење. Како се менуваат генерациите така ќе се смени и содржината на весниците, која ги следи желбите на читателите за да направи профит. А бидејќи сите наредни се онлајн генерации па и тие постарите стануваат такви, весниците ќе бидат онлајн.

    Еве пример, дека младата публика (20-35) не е заинтересирана за политички препукувања се протестите против црквата на плоштадот. Макс. 1000 луѓе и сето слава траеше 3 дена и толку?. Беше низ сите вести и весници но … тоа кажува дека имало подршка од публиката? Не.

    „Јас би сакал да видам некој настан организран на оваа тема..“ И јас 🙂

  3. Darko Buldioski 22/04/2009 at 20:56

    Бреееј блогов стана интересен и за политички полторни.

    Не ме радува тоа зошто од секогаш сме се труделе да се оградуваме од политика, ама кој знае да чита ОК, кој не да сме живи и здрави 🙂

    @viktor ако проблемот е публиката (а се сложувам, делумно е) тогаш по којзнае кој пат ќе истакнам дека очајно ни е потребно подигнување на медиумската писменост.

    За младите, не знам што да кажам, некако се ми е прогноза во стилот на ТВ експертите. Мислам дека не би било лошо да се направи некое исражување за навиките на кoнсумирање информации и комуникција кај младите.

    Еден сосем мал дел (едно прашање) имав јас презентрано лани на Glocal: слајд 4 (малку изместен 🙂

  4. Стефан 22/04/2009 at 23:24

    "Тиражите опаѓаат последниве години кај нас. Сите весници веќе имаат и свои интернет-изданија, но проблемот е во тоа што тие изданија се бесплатни." -Роберто Беличанец

    Ајде, нека напраат да се плаќаат, нека ја направат оваа 2009 уште поинтересна:)

  5. Anonymous 26/04/2009 at 23:21

    Мислам дека малиот тираж или т.н. намалување на ионака бедниот тираж е поради тоа што весниците се уште не успеаја да понудат ништо поразлично од извештаи од партиските пресконференции што го нудат и телевизиите само побрзо и со снимка се разбира. Тука големо влијание има и веќе препознатливата партиска обоеност на весниците. За такви медиуми и не е толку страшно ако ги снема.

    Околу генералното исчезнување на весниците кое подолго време се најавува мислам дека е пренадувано. Скандинавските весници одлично си ги одржуваат тиражите и покрај тоа што имаат веб страни со тоа што вложуваат многу во добри истражувачки приказни.

    Добрата страна на интернет новинарството е брзината и достапноста до незамислив број на информации, но единствено доколку се презентирани во многу кратка форма. Сепак сметам дека за читање на добар и долг текст на некоја сочна истражувачка приказна нема ништо подобро од старата добра хартија (може и рециклирана. би било интересно да се види колку од нашите весници се печатат на рециклирана хартија).

  6. Darko Buldioski 26/04/2009 at 23:27

    Фино мислиш Јане, ама за жал нашиве не играат на долг рок. На тоа кога ќе се додаде и неопходниот квалитет, отиде се јабана.

    Фала за коментарот. 🙂

  7. Solza 27/04/2009 at 20:21

    Ако македонските весници имаат добри он-лајн изданија, тогаш јас дефинитивно имам свински грип. Шала на страна, но да додадеме иронија, текстот е објавен од весник којшто не успева сеуште да создаде читателска публика, ниту ефикасен маркетинг. Од нова технологија во македонските весници нема ниту Т, всушност, во еден коментар слабостите не може да се констатираат.

  8. Darko Buldioski 27/04/2009 at 20:34

    Абе вистина во еден коментар не може, ама само на овој блог има доволно постови 🙂

    патем, сакаш да кажеш дека од нова технологија во мк весниците има нова ама без технологија? :))

  9. Solza 28/04/2009 at 11:44

    Ниту Н, ниту Т 🙂

  10. cLDvWV 23/11/2009 at 12:35

    Hi! hrAGBA

Comments are closed.