81 #ПрегледВоПеток

Ok I’m bored in the house, I’m in the house bored, bored in the house, I’m in the house bored… Е сега може #ПрегледВоПеток 😉

Houston, we have a problem!

Кога некој ќе ве праша која вест прво сакате да ја слушнете добрата или лошата, секогаш ја бирате лошата, така?

И да не е така, еве ви ја на почеток – НЕМА БУЏЕТИИИ! (или што би рекла јас сиромаштија).

Последното IPA Bellwether истражување покажува дека маркетинг буџетите во Обединетото Кралство бележат пад каков не е приметен после големата финансиска криза во 2009. Ваквиот тренд не го заобиколува ниту останатиот дел од светот. Тешки времиња бараат драстични мерки па не би било лошо да размислите два пати пред да трошите пари на реклами.

Coca-Cola стави сè на пауза поради недостаток на ROI

Пак вест поврзана за Коронавирусот, ама за Coca-Cola е… Кога дојде време Coca-Cola да паузира секакво маркетинг присуство поради исклучително намалена потрошувачка на нивните производи, тогаш знаете дека sh*t just got real (pardon my french).

CEO на The Coca-Cola Company James Quincey, најави дека корона кризата не го поштеди ниту најголемиот бренд во FMCG секторот. Но, додека другите производители во оваа индустрија го зголемуваат присуството на пазарот, Coca-Cola го прави спротивното.

Сепак, за разлика од падот на продажбата на пијалокот во традиционалната продажна мрежа (ресторани, барови, кино сали…), Coca-Cola забележува речиси дупло поголем раст во e-commerce трговијата. Компанијата се води по стратегија поделена на 3 фази и верува дека ќе ја помине и оваа криза како и многу други предизвици во своето 128 годишно постоење.

“We’ve been through challenging times before as a company, and we believe we’re well-positioned to manage through and emerge stronger.”

CEO James Quincey

Каде е Coca-Cola магијата за љубов и сплотеност кога најмногу ти треба? :/

Како да (не) комуницирате со корисниците за време на Ковид

Многу практична статија за dos and dont’s кога станува збор за бизнис комуникацијата во време на Ковид-19. Едно е јасно, не го игнорирајте слонот во просторијата. Бидете искрени со корисниците, покажете хуманост и релевантна содржина.

Facebook веќе објави “прирачник“ за тоа како брендовите да се поврзат со својата публика во време на коронавирусот…од 64 страници…

Instagram со помош за угостителските објекти преку стикер

Едни од најпогодените индустрии во корона кризата се секако угостителските објекти. Instagram во ова име воведува стикер кој можат да го користат рестораните и сервисите за храна. Преку него може да нарачате достава, да купите gift card и да ја споделите на свој личен профил за поголема видливост. Кај нас се уште не е достапен, но полека…има време…

Шампионски social distancing кампањи

Content marketing во време на корона не посто……

Да, има и такви умови кои целата оваа ситуација ја користат на најдобар можен начин – да се поврзат со својата публика на ниво на кое можат да бидат прифатени како едни од нив.

Одлични, иновативни и креативни кампањи за социјално дистанцирање кои со сигурност ќе ве инспирираат. И ако мислевте дека тоалетната хартија ја надмина својата популарност со предизвиците на TikTok, погледнете што направија Goodby, Silverstein & Partners.

И Google ќе кажува кој ги плаќа рекламите

По зголемувањето на транспарентноста во рамките на Facebook универзумот, на ред беше чекор да преземе и Google. Тие официјално потврдија дека праксата која до сега важеше само за политичките кампањи сега започнува да важи за сите. Имено, со новата промена, наскоро ќе можеме со клик на „Why this ad” делот кој го има на ќошот на секоја реклама прикажана преку системот на Google Ads да дознаеме кој и од која земја платил за рекламата.

Постоечките огласувачи ќе имаат 30 дена рок откако ќе ја добијат оваа нотификација да ги верификуваат своите сметки. Нормално верификувањето ќе оди во фази и ќе почне од Америка. Со други зборови, спремајте се, ова лето ќе треба да бидете потранспарентни.

Бонус линкови

И така, внимавај на растојанието, читај не пак следниот петок, а ако сакаш да ни пишеш или да нè прашаш нешто, тука сме.