„Shock and Awe“ синтагмата (шокирај и заплаши) во нашиот медиумски простор навлезе со почетокот на војната во Ирак 2003 година, кога американските воени сили под оваа крилатица ги започнаа нападите. Самата синтагма е постар воено-стратешки концепт кој се користи со методи на ненадеен напад и шок, со крајна цел целосно да го парализираат противникот.
Применувајќи ги согледувањата на Пол Вирилио за тесната модерна поврзаност на „воениот, индустрискиот и медиумскиот комплекс“ може лесно да се увиди дека слична стратегија, Shock and Awe, применуваат модерните медиуми. Ако се укаже пригода, ваквите вести за скандали, насилство, неморал, жртви (т.н. body count), несреќи, секогаш добиваат приоритет, а самите медиуми откако ќе ја навикнат публиката дека само шокантните вести се вистински вести, го прават следниот чекор, и бараат под дрво и камен токму вакви вести.
Токму затоа ниту еден несреќен случај на градежен работник, случајно застрелано лице, изгорен пензионер, ни случајно не смее да мине незабележано, сите мора да бидеме свесни за секој единечен инцидент или несреќа која се случува околу нас, да бидеме заплашени и шокирани од реалнноста, само затоа што шокираниот и заплашен гледач е вистинската вода за медиумската воденица .
Private victories precede public victories. -Stephen Covey